Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес повторно беше во посета на Посебното основно училиште ,,Иднина“ од Скопје. Овој пат поводот беше работилница на која се бојосуваа велигденски јајца.
Децата, како и претходно, ги пречекаа вработените во Рускиот центар при УКИМ со насмевки и со радост. Освен што беа возбудени од посетата, тие исто така беа нетрпеливи да започнат со работа и да покажат што знаат и умеат.
Вработените од РЦ заедно со наставниците и со директорката од ПОУ „Иднина“ им помагаа на децата во остварувањето на нивните замисли. Дел од нив на велигденските јајца ги прикажаа своите сакани суперхерои, дел сликаа цветови, а дел се изразуваа преку бои, но она што беше забележливо е дека сите покажаа дека се многу талентирани и бескрајно креативни.
На крајот тие повторно ги поканија вработените од Рускиот центар да им дојдат во посета, по некој друг повод и со некоја друга интересна тема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче