Рускиот Салвадор Дали се вика Владимир Куш, а ова се неговите најпознати дела

Роден во средината на 60-те во Москва, овој уметник оствари голем успех во светот.

Владимир Куш е роден во Москва 1965 година, во мала дрвена куќа со изрезбарени прозорци, која се наоѓала недалеку од познатиот московски парк Сокољники.

Татко му бил математичар, но сите мажи во семејството отсекогаш сакале да сликаат, и Владимир не бил исклучок.

Неговата уметничка кариера започнала кога имал само три години и научил да ја држи сликарската четкичка.

На седум години тргнал на часови по сликање, кои понекогаш траеле и до полноќ.

Таму се запознал со делата на најзначајните импресионисти и со работите на современите уметници.

Кога имал 17 години Владимир Куш се запишал на ликовната академија „Строганов“, меѓутоа година дена подоцна морал да служи војска. Командантот на неговата единица сметале дека способностите на младичот се посоодветни за мирољубиви цели, поточно за сликање пропагандни постери.

Во 1990 година заедно со други руски сликари изложувал свои дела во Германија и изложбата била многу успешна. Потоа заминал за Лос Анџелес каде изложил уште 20 дела.

Така започнала „американската Одисеја“ на Владимир Куш. Ја завршил на Хаваите, каде го открил светот за кој сонувал од детство (неговата прва слика е огромен бран на Хаваите).

Островот Мауи станал негов дом и таму го создал својот уникатен стил кој подоцна ќе биде познат како метареализам (метафизички реализам).

Сега Владимир Куш е еден од најпознатите уметници во САД. Добро е познат и во Јапонија, каде често ги изложува своите најнови работи.

Куш има четири приватни галерии на Хаваите и во САД.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња