Руски филмови на Скопскиот филмски фестивал

kinopoisk.ru

Вчера беше одржано свеченото отворање на Скопскиот филмски фестивал, кој годинава се одржува од 17 до 25 април. На ова издание на Фестивалот љубителите на руската кинематографија, и воопшто сите филмофили, можат да се запознаат со четири руски дела кои се претставени во три категории: галапроекции, Панорама на светскиот филм и куси филмови.

ТВРДИНА

Галапроекции

Историскиот филм „Тврдина“ (руски „Тобол“) раскажува за младиот офицер на новата гарда на Петар Први , Иван Демарин, кој по наредба на царот заминува во длабочините на Сибир, во пограничниот Тобољск. Тука Иван ја среќава својата прва љубов и заедно со полкот ќе биде вовлечен во заговорот на локалните кнезови кои се во потрага по златото на Јаркенд. Неговата тврдина е опколена од единици Ѕунгари, а помош нема од каде да очекуваат …

Филмот е снимен според романот на рускиот писател Алексеј Иванов.

Режисер:Иван Зајцев.

Каде и кога може да се види: 22.4, 18:00, Кинотека, 24.04., 22.00, Кино «Фросина».

КИСЕЛИНА

Панорама на светскиот филм

Драмата „Киселина“ (руски „Кислота“) раскажува за Саша и Петја кои живеат безгрижен живот на музичарите од современата техно Москва: гласни журки, искачувања и падови, тркалото на нестабилните односи на оние што ги опкружуваат и на себеси. Тие се дел од генерацијата која има дваесеттина години, која често ги има слушано зборовите „љубов“, „семејство“ и „можности“, но добро го имаат усвоено само чувството на осаменоста што разединува однатре. Сепак, во нивниот живот се случува нешто кое ќе ги натера обајцата реално да погледнат на себе.

Режисер: Александар Горчилин, познат по улогата во филмот на Кирил Серебреников„Ученикот“.

Каде и кога може да се види: 22.4, 20:00, Кино «Фросина»

По проекцијата на филмот ќе биде одржана дискусијата со актерката Анастасија Евграфова која толкува една од улогите во филмот.

ДАЧА, ВОНЗЕМЈАНИ, КРАСТАВИЦИ

Кратки филмови I

Краткометражниот анимиран филм „Дача, вонземјани, краставици“ зборува за привичното, блиско и познато за Русите безумие на дачата: копањето компири, расипаното радио, маичката на риги, стариот мијалник, клупата под прозорецот. Но, тука се уште и вонземјаните.

Режисер:Екатерина Михеева

Каде и кога може да се види: 21.4, 20:00, Котур

КАМЧИЊА

Кратки филмови II

„Jас често на улица наоѓам фотографии од непознати луѓе...“. Краткометражниот филм „Камчиња“ (руски „Камешки“) претставува колаж на различни снимки направени на стар фотоапарат во различни градови и во различни земји.

Режисер: Михаил Железников

Каде и кога може да се види:22.4, 20:00, Котур

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња