Зборувајќи за изложбите амбасадорот Баздникин и двата настани од светската историја на 20 век ги оцени како големо зло кое не треба да му се повтори на човештвото. „За ваквите монструозни злосторства нема и не може да има застареност. За нив нема ниту простување или ниту заборав. Секој обид да се замолчат овие настани, да се искриват, да се ревидира историјата е неприфатлив и неморален. За жал, хидрата на фашизмот повторно ја подигнува главата. Пред нашите очи се одржуваат факелните процесии под фашистички знамиња во европските престолнини, се глорифицираат нацистичките злосторници и нивните соучесници, се извршуваат злосторства под неонацистичките симболи, се преземаат активности за поттикнување на антисемитизам, русофобија и други форми на шовинизам и ксенофобија.“
Изложбата „Опсадата на Ленинград“ содржи документи и фотографии кои датираат од моментот на паѓање на северната престолнина под блокада, па до нејзиното ослободување. Најголемиот број фотографии на Ленинград 1941-1944 што се познати денес се направени од воените репортери кои работеле по задача на ленинградскиот оддел на ТАСС, Совинформбирото, редакцијата на весникот. Како што се вели во „Одлуката за работата на воените репортери“, задачата на фотографите е да ги покажат „...луѓето на фронтот - борците и командирите на Црвената армија (Воено-морската флота) кои добро владеат со воената техника и со тактиката на водење борба, нивната иницијатива, брзата воена реакција и лукавоста во борбата со непријателот, нивната омраза кон германско-фашистичките окупатори, издржливоста, самопожртвуваноста и дисциплината во исполнувањето на наредбите на командата...“ Речиси не се останати фотографии што ги имаат направено самите жители на градот: аматерското фотографирање на улица било забрането без посебна дозвола, а снабдувањето со вода, со струја и со топлинска енергија било речиси невозможно да се прикаже на фотографиите. Во низа случаи можеме да видиме само мали контактни отпечатоци залепени на страниците од дневниците.
Изложбата „Холокаустот: уништување, ослободување, спасување“, пак, е посветена на геноцидот што нацистичка Германија го има извршено врз Евреите. Имено на окупираната територија на СССР започнало целосното убиство на Евреите, вклучувајќи жени, стари лица и деца, меѓу кои и мелези. Речиси половината од жртвите на Холокаустот, не помалку од 2 милиони и 600 илјади луѓе, биле советски државјани.
Методите на уништување се одликувале со краен садизам, а во погубувањата учество зеле единиците на Ес-Ес, полицијата, војската на вермахтот. Во првите недели од војната локалните помошници на окупаторот спровеле десетици напади со масовни убиства.
Изложбата може да се посети во следниве две недели и е бесплатна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче