Со филмот на Шахназаров во Скопје отворен фестивалот „Руска зима“

Амбасада на Русија во Македонија
Во просториите на Кинотеката на Македонија вчеравечер со проекција на последниот филм на Карен Шахназаров „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ започна Месецот на рускиот филм „Руска зима“.

Пред проекцијата на Шахназаров, едно од најзначајните имиња на современиот руски филм и генерален директор на најголемата руска филмска компанија „Мосфилм“, му беше доделена титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА. Ова признание досега го имаат добиено имиња со светско реноме, како Клод Лелуш (Франција), Маноел де Оливеира (Поругалија), Јиржи Менцел (Чешка) и Роберт Вилсон (САД).

До крајот на февруари ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, а поводот е 25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија.

На фестивалот „Руската зима“, меѓу другото, ќе бидат прикажани филмовите: „Соларис“ (1972, Андреј Тарковски), „Андреј Рубљов“ (1966, Андреј Тарковски), „Ѕвезда“ (2002, Николај Лебедев), „Сталкер“ (1979, Андреј Тарковски), „Свој меѓу туѓинци, туѓинец дома“ (1974, Никита Михалков), „Семејни врски“ (1982, Никита Михалков), „Ивановото детство“ (1962, Андреј Тарковски), „Иван Грозни“ (1944, Сергеј Ејзенштејн), „Моја мила и нежна ѕверка“ (1978, Емиљ Лотеану), „Иван Василевич ја менува професијата“ (1973, Леонид Гајдај), „Оди и види“ (1985, Елем Климов), „Дерсу Узала“ (1975, Акира Куросава), „Канцелариска романса“ (1977, Ељдар Рјазанов), „Се издава куќа со сите неудопства“ (2016, Вера Сторожева). За затворањето на Месецот на руски класичен и современ филм, на 28 февруари, е планирана проекција на „Исчезнатата империја“ (2008) од Карен Шахназов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња