Григориј, млад офицер од богата фамилија, се судира со својот влијателен татко кој одбива да ги плати коцкарските долгови на својот син. И место да му се придружи на престижниот полк, младичот во знак на протест заминува во мак провинциски полк. Патем се запознава со Лав Толстој, млад и многу познат писател. Григориј станува чест гост на имотот на Толстој кој е многу близу до касарната.
Во една пригода Григориј му раскажува на Толстој трогателен случај поврзан со неговиот полк, во кој одделни офицери се корумпирани, а уапсен е невин секретар и целата вина паѓа врз него. На Толстој му е толку жал за кутриот младич што се решава да го брани на суд во својство на адвокат.
Во текот на снимањето на филмот Серебреников беше обвинет за голема проневера поради што му беше одреден домашен притвор. Успеа од притвор да го заврши филмот, но не можеше да присуствува на триумфот на своето остварување во Кан, каде филмот „Лето“ ја доби наградата за најдобра музика за филм.
Тоа е приказна за животот на легендарните музичари на рускиот „андерграунд“ од 1980-те: Виктор Цој, Мајк Науменко и неговата жена Наталија. Филмот предизвика поделени реакции. Одделни критичари велат дека атмосферата во Ленинград во текот на Перестројката е извонредно доловена, додека легендата на рускиот рок Борис Гребеншчиков вели дека филмот не се придржува доследно до фактите.
Ова е првиот биографски филм посветен на советскиот писател во емиграција Сергеј Довлатов. Многумина негови поклоници негодуваат што во филмот не е прикажам неповторливиот хумор на Довлатов. Од друга страна, извонредно е одразена мрачната доба на застојот, цензурата, забранетите поетски вечери и многу други симболи на епохата на Брежнев.
Снимањето на овој филм го иницираше Екатерина, ќерката на Довлатов, која присуствуваше на премиерата во Русија. Таа многу придонесе за зачувување на наследството на нејзиниот татко – агитираше една улица во Њујорк да го добие името на Сергеј Довлатов, а неговата книга „Пушкински ридови“ ја преведе на англиски јазик. Главната улога во филмот ја игра Србинот Милан Мариќ.
Оваа година се навршија 75 години од најуспешниот обид за бегство од нацистички логор во Втората светска војна. Имено, на 14 октомври 1943 година преку 400 логораши организираа бунт во концентрациониот логор „Собибор“. На чело на бунтовниците беше Евреинот, советски офицер Александар Печерски. При пробивот беа убиени 11 есесовци. Бегалците не успеаја да го заземат складот со оружје па масовно бегаа во шумата преку минско поле.
Ова е режисерско деби на познатиот руски актер Константин Хабенски, кои истовремено ја игра главната улога во филмот. Дознајте повеќе за филмот ОВДЕ.
Ања со години работела како слаткарка и ги дегустирала сопствените слатки, па така добила и вишок килограми. Нејзиното момче, инаку тренер по фитнес, не е воодушевен од таквата состојба и се решава да ја напушти.
После многу солзи и страдања таа почнува да се занимава со трчање за да ослаби, а кога успева во тоа, сфаќа дека не сака да биде повторно со поранешното момче.
Ова е извонредна комедија за љубовта, пријателството и фитнесот (во главната улога е сексапилната Саша Бортич)!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче