Врвни руски уметници на 11 ноември ќе настапат на хуманитарен концерт во Охрид

Охридско лето

Во недела, 11 ноември, во црквата „Света Софија“, ќе се одржи хуманитарен концерт на класична музика со врвните руски уметници - пијанистот Александар Синчук и флејтистот Aртем Науменко, се вели во соопштението објавено на сајтот на Националната установа фестивал „Охридско лето“.

На репертоарот ќе се најдат дела од Бах, Доплер, Рахмањинов, Алиабиев, Прокофјев, Кларк, како и од други композитори.

Пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко редовно настапуваат во концертните сали ширум светот.

Руските уметници настапуваат во Охрид по повод иницијативата на директорката на Националната установа фестивал „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, која го организира настанот со цел да се соберат средства за 15-годишната охриѓанка Сара Настеска, на која ѝ се неопходни 200 илјади евра за лекување во Германија.

Концертот ќе биде бесплатен за посетителите, а на влезот од црквата ќе има кутија за донации, каде што посетителите ќе можат да дадат свој придонес.

Настанот започнува во 19 часот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња