Фото: Како царските козаци, Наполеоновите копјаници и ловци на мамути ја освоија модерна Москва

mos.ru

Легионери на Цезар, копјаници на Наполеон, војници од американската граѓанска војна, па дури и ловци на мамути! Сите тие се појавија во рускиот главен град на еден од најимпресивните историски фестивали во Европа.

На 22 август заврши осмиот фестивал на историска реконструкција „Времиња и епохи”. Тоа беше најголемиот настан од овој вид одржан во Европа.  

Клубови за историска реконструкција од преку 20 земји дојдоа во Москва да учествуваат во оваа извонредна манифестација. Бројот на учесници надмина 3000.

Фестивалот не се концентрираше на некој одреден историски период. Учесниците можеа да оживеат која било епоха и битка што ќе ја посакаа: почнувајќи од каменото доба па сѐ до 80-те години на минатиот век.

Триесет тематски локации ширум Москва ги водеа посетителите на патување низ времето: до Античка Грција и Рим, Европа во 17 век и времињата кога мамутите и средновековните витези лутале по Земјата.

Гостите можеа да видат масовни битки меѓу римските легионери и варварите, советските и германските војници во Втората светска војна, како и меѓу руската и француската коњаница во Наполеоновите војни.

И самите посетители имаа можност да почувствуваат како се живеело порано. Можеа да се пробаат во двобои како средновековни воини, во изградба на замоци, па и да го поминат воениот дел од обуката во руското царство.

Оние кои беа расположени за поинтензивни доживувања можеа да искусат апсење од страна на советската полиција за време на перестројката или пак да им помогнат на полицајците да ги фатат злосторниците.

Фестивалот беше совршена прилика за проучување на руската историја и можност да се види како изгледала Москва во Смутното доба во 17 век. Посетителите дури можеа и да се запознаат со криминалното подземје на рускиот главен град во периодот по Втората светска војна.

Љубителите на воената историја особено беа импресионирани од локациите посветени на Кримската војна (1853-1856) и Руско-турската војна (1877-1878), каде можеа да се видат униформите и оружјето и да се дознае како живееле војниците.

Во Москва беше изградена и реконструкција на американски град од периодот на граѓанската војна, каде посетителите можеа да научат нешто за овој конфликт и историјата на американските граници.

Фестивалот „Времиња и епохи“ исто така имаше да понуди многу нешта и за децата. Не само што можеа да се качуваат по топовите и воената опрема, туку овде имаше и различни играчки и игри посветени на различни епохи.

На московските езера се појавија чамци од Стариот и Средниот век, како и бродови од Втората светска војна, меѓу кои некои нудеа и обиколки за посетителите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња