Во Прилеп одбележан Денот на сеќавање на руските војници кои загинале во Првата светска војна

Амбасада на Русија во Македонија

Во средата, 1 август, на Германските воени гробишта во Прилеп се одржа традиционалната церемонија по повод Денот на сеќавање на руските војници кои загинале во Првата светска војна.

На свеченоста присуствуваа и рускиот амбасадор во Македонија О. Н. Шчербак, претставници на Општина Прилеп и Министерството за одбрана на РМ, воените аташеа на Србија и Бугарија во Македонија, претставници на руски и македонски компании и активисти на локалното здружение за македонско-руско пријателство. Церемонијата започна со панихида, по што беше положено цвеќе на споменикот на руските војници и офицери.

Споменикот беше изграден 2014 година, за 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, по иницијатива на Амбасадата на Русија во Македонија. Паметникот е поставен во спомен на десетте руски војници кои се закопани на Германските воени гробишта, а кои загинале во борбите на Солунскиот фронт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња