Зад кулисите на „Лебедово езеро“. Лондон, 2016.
Саша ГусовОва е приказна за Саша Гусов, човекот кој во деведесеттите години од минатиот век со само десет долари во џеб ја напушти Русија и се пресели во Лондон. Како илегален имигрант можел да работи само како келнер.
„Лебедово езеро“. Лондон, 2016.
Саша ГусовЕден ден Гусов со пикнал во салата на Ројал Алберт Хол каде во склоп на својата турнеја била балетската трупа на Бољшој театар. Му пришол на директорот на театарот Јуриј Григорович и му се претставил како руски фотограф, иако во тој момент воопшто не се занимавал со фотографија.
Нина Капцова во балетот „Корсар“. Лондон, 2016.
Саша ГусовГусов побарал дозвола да ја слика трупата. На негово изненадување Григорович се согласил, а фотографиите од оваа историска фотосесија се објавени во списанието „The British Journal of Photography“, што на Гусов му донело слава и признание.
Зад кулисите. Лондон, 2013.
Саша ГусовОд тој момент Гусов има фотографирано бројни политичари, глумци, музичари и други славни личности: му бил дури и личен фотограф на актерот Јуан Мекгрегор и на прочуениот оперски пејач Лучијано Павароти.
Зад кулисите на „Лебедово езеро“. Лондон, 2016.
Саша ГусовФотографиите на Гусов се наоѓаа во водечките медиуми, вклучувајќи ги и „The Guardian“ и „The Wall Street Journal“, а се најде и на листата 20 најдобри фотографи на светот на британската агенција TopFoto.
Гедиминас Таранда. Лондон, 1993.
Саша Гусов„Фотографијата ги забележува моменталните случувања“, вели Гусов. И тој навистина има талент да се стопи со луѓето и да ги фати во вистинскиот момент. На фотографиите ги гледаме напнатите балетани само неколку минути пред да излезат на сцена, кои дури не ни обрнуваат внимание на фотографот.
„Лебедово езеро“. Лондон, 2004.
Саша ГусовСветлана Захарова, Владислав Лантратов и Николај Цискариѕе - динамичната експресивност и прекрасните движења на овие ѕвезди на Бољшој театар сега се бесмртни на фотографиите на Гусов. Глумците на сличен начин му позираат во своите улоги.
Зад кулисите на „Лебедово езеро“. Лондон, 2016.
Саша ГусовЗа време на отворањето на актуелната изложба на Гусов во јуни 2018 година во Москва, балерината Ангелина Карпова изјави дека таа и сите нејзини колеги сакаат да работат со Гусов зашто под неговиот поглед се чувствуваат мошне пријатно.
Светлана Захарова. Лондон, 2013
Саша ГусовИзложбата „Големиот балет на Саша Гусов“ која содржи 50 фотографии снимени помеѓу 1992 и 2016 година може да ја видите во Центарот за фотографија на браќата Лимијер до 23 септември.
Ољга Смирнова во балетот „Кротењето на опаката“. Лондон, 2016.
Саша ГусовПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче