Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија О.Н. Шчербак полага свежо цвеќе на гробот на генералот Н.М. Иванов
Во црквата „Св Архангел Михаил” во Скопје на 9 јуни се одржа помен за рускиот генерал Николај Максимович Иванов.
Генералот Н. М. Иванов е роден во аристократско семејство на 19 ноември 1859 година во селото Исправнаја во Кубанската област на југот на Русија. Образованието го стекнал во Првата воена гимназија во Санкт-Петербург и во Павловската воена школа. Во својот живот командувал со повеќе воени формации. Со царската повелба во 1915 година е одликуван со високата руска воена награда „Свети Георгиј”. Во 1920 година се преселил во Југославија, а починал на 1 март 1935 година во Скопје.
Панихидата се одржа пред обновениот споменик на генералот Н. М. Иванов на иницијатива на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче