Денот на руската дипломатија се одбележува во Македонија

Од слободни извори
Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ќе го одбележи 10 февруари - Денот на руската дипломатија.

По повод Денот на руската дипломатија, на 9 февруари во 11 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“ во градскиот парк во Битола.

На споменикот кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен дипломатот Ростковски во 1903 година, својата почит кон оваа личност, но и кон одбележувањето на Денот на руската дипломатија ќе оддадат Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, претставници на дипломатскиот кор во земјава, Советот на општина Битола, почесните конзули и граѓани-почитувачи на делото на овој голем руски дипломат.

Професионалниот празник на руската дипломатија е утврден со Указ на Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31 октомври 2002 година, но традицијата на руската дипломатија има свои подлабоки корени. Уште во 838 година руска мисија е упатена во Константинопол, а во 860 година Русија го потпишува со Византија Договорот „За мир и љубов“. Се слави на 10 февруари, затоа што на тој ден во 1549 година е првото споменување на „Посолскиот приказ“, односно првата надворешно-политичка служба на Русија.

Прочитајте повеќе за рускиот конзул кој сочувствуваше со Македонците

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња