Во организација на Државниот архив на Република Македонија, Институтот за национална историја, Музејот за македонската борба за државност и самостојност, а под покровителство на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје вечерва е отворена изложбата со наслов „Русите во Македонија (1920-1940)“.
Октомвриските настани пред 100 години во Русија предизвикале хуманитарна криза – егзодус, според едни податоци, на 1.5 милиони Руси, а според други на 5 милиони. Македонскиот народ кој не само од зборување знаел што значат маки и тешкотии, не останал настрана од страдањата на руските бегалци. Македонската земја им дала закрила на дел од нив: на некои привремено, а не некои засекогаш. Со оглед на тоа што најголемиот број дојденци од Русија биле високообразовани, тие го пополните „вакуумот“ што се создал како резултат на трите војни.
Општата констатација на Македонците била следнава: „Во деновите кога нам, за нашата нова културна и просветна дејност, ни беа најпотребни способни и просветени луѓе, присуството на интелигенцијата од братска Русија беше навистина добредојдено. Иако тие по злото во својата земја не беа дошле кај нас, ќе моравме да ги поканиме. Илјадници празни одговорни места бараа луѓе на чија совест, љубов и способности со сигурност би можело да се потпре.
Изложбата дава претстава за животот на руските имигранти во Македонија (особено значење во овој контекст имаат материјалите од семејните архиви на потомците на руските имигранти) и за дејноста на руските научници, професори, архитекти, ликовни уметници, лекари, артисти. „Обновувањето“ на меморијата од ваков тип ја истакнува човештината, а сочувството е, според зборовите на Фјодор Михајлович Достоевски, највисока форма на човечко постоење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче