Семинар за ораторство на млади на руски јазик

Денес во просториите на Рускиот центар при УКИМ во организација на младинската организација „Русичи“ и Россотрудничество се одржа семинар за ораторство на млади.

Рускиот центар заедно со здружението на руски млади сонародници „Русичи“, а со поддршка на владината организација Россотрудничество организираа еднодневен семинар за ораторство на млади кои зборуваат на руски јазик.

Целта на овој еднодневен семинар беше да се мотивираат рускојазичните говорници, без оглед на тоа дали за нив рускиот е мајчин или го изучуваат како странски, да добијат ораторски квалификации за да можат појасно, попрецизно да се изразуваат на јавни настапи, а воедно и да можат да го постигнат ефектот кој е цел на нивното јавно обраќање.

На семинарот учество зедоа како претставници на самата младинска организација, така и русисти од Македонија. Во текот на семинарот беа поставени главните теориски основи за правење ораторска концепција, етапите на нејзиното составување, како и нејазичните модели на ораторството – гестовите и мимиките.

Предавачите освен теориски дадоа и практичен осврт на темата. Притоа беа анализирани говори на политичари-современици, како и на некои фигури од историјата кои на овој план постигнале големи успеси. На крајот беа донесени заеднички заклучоци за тоа како треба да изгледа еден јавен настап и како истиот да се реализира на руски јазик.

Учесниците на еднодневниот семинар добија и соодветни сертификати за помината обука.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња