Амбасадорот на Република Македонија Гоце Карајанов и генералниот директор на Библиотеката за странска литература Вадим Дуда.
Центар на словенски културиНа средбата присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов и генералниот директор на Библиотеката за странска литература Вадим Дуда. Учесниците на средбата ја истакнаа важноста на размената на културните искуства на двете земји и продолжувањето на соработката во вид на одржување на месеци на културата (првиот Месец на македонската култура се одржа во октомври 2017 година во Русија), литературни и научни собири, концерти и слично.
Во продолжение на средбата раководителот на Центарот на словенски култури Јулија Созина му ја претстави на македонскиот амбасадор изложбата на дела испратени на конкурсот за постер. Амбасадорот особено ги истакна оние кои се инспирирани од „Азбуката на непослушните“ од Венко Андоновски. Овој македонски роман, како и многу други, веќе се дел од книжниот фонд на Центарот на словенски култури.
Карајанов изрази уверување дека донирањето книги по повод секој роденден на Центарот ќе стане добра амбасадорска традиција, се вели во соопштението на Центарот на словенски култури објавено на неговата официјална страница на Фејсбук.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче