Споменици на Михаил Калашников
Слободан ЃукиќБистата ќе биде висока 7 метри и ќе биде направена од бронза и гранит.
Церемонијата на откривање на споменикот на овој славен конструктор ќе се одржи на 19 септември и на неа ќе присуствуваат високи политички, деловни и воени лица. Инаку овој датум во Русија се слави како Денот на оружарот. Покрај овој датум во оптек беа и 21 јануари (денот кога министерот за вооружување на тогашниот СССР Дмитриј Устинов, пред речиси 70 години, го потпиша указот за изработка на експерименталната серија на автоматската пушка „Калашников), како и 9 мај, Денот на Победата.
Финансирањето на целиот проект за изработка на споменикот го презеде државната корпорација „Ростех“, со помош на Руското воено-историско друштво и Градското собрание. Автор на композицијата е познатиот уметник Салават Шчербаков.
Треба да се напомене дека освен овој споменик, на славниот конструктор му се подигнати уште 4, и тоа во Ижевск, на просторот на Федералниот меморијален комплекс во Москва, пред Ижевскиот универзитет за технички науки, како и на територијата на големата руска воена база во Ерменија.
Џиновски споменик на Калашников ќе се појави во Москва
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.