Пред 92 години: Роден е истакнатиот руски писател Аркадиј Стругацки

Михаил Баранов /Global Look Press
Аркадиј Стругацки е роден на 28 август 1925 г. во Батуми

Аркадиј Стругацки е роден на 28 август 1925 г. во Батуми (Грузија) пред неговото семејство да се пресели во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург). На крајот на јануари 1942 г. тој, заедно со својот татко, е евакуиран од опсадениот град. Во 1949 г. Стругацки дипломира на Воениот институт за странски јазици. Неговиот прв роман „Пепел Бикини“ е објавен во 1956 година. 

Безмалку сите негови книги се напишани во соработка со неговиот помлад брат Борис Стругацки. Во текот на шеесеттите и седумдесеттите години, популарноста на овој писателски дует беше безгранична. „Понеделник почнува во сабота“, „Тешко е да се биде Бог“, „Бубачка во мравјалникот“, „Дефинитивно можеби“ и многу други се продаваа „како алва“.

Нивните книги се преведени на повеќе од 30 јазици со оглед на тоа дека нивната слава не беше ограничена на СССР, туку тие беа популарни ширум светот.

Аркадиј Стругацки почина во Москва во 1991 г. по долго боледување. Неговиот брат Борис почина во 2012 г. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња