Русинки самите го откриваат најкусиот пат до женското срце

Александар Чернавски
Не откажувајте се и покрај нејзиното отфрлање. Русинките знаат што сакаат од мажите и љубезно се сложија да дадат неколку совети за читателите на „Руска реч на македонски“.

1. Ксенија, 18

Во последниве седум дена во Москва момчиња ми приоѓаа трипати. Тие главно прашуваат дали можат да се запознаат со мене (што е стандардна ситуација во Русија), јас одговарам „не“ и тоа така завршува. Ако зборуваме искрено, момчето прво треба да праша дали девојката има момче, па дури потоа да се обиде да ја заинтересира на некој начин. Едно е сигурно: доколку девојката сака да го даде својот број на телефон таа ќе го стори тоа, а ако не сака, тогаш момчето не може ништо да стори без разлика колку е креативно.

Александар ЧерњавскиАлександар ЧерњавскиИнстаграм: kseniya.blog

2. Ана, 18

Најодвратното додворување за кое некогаш сум слушнала од некој што сака да го добие мојот телефонски број е дека имам убави гради.

Но, не постапуваат така сите момчиња. Понекогаш може да се сретне симпатично момче кое е толку слатко во своите обиди да ти се допадне.

Проблемите започнуваат кога момчето се обидува да ја „купи“ девојката, повикувајќи ја во ресторан или во продавница. Тогаш исчезнува сето волшепство.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Кога станува збор за запознавање со странци, јас лично сметам дека тие едноставно сакаат да се запознаат, а не сакаат сериозни односи. Мене тоа не ми се допаѓа. Мажот треба да биде возрасен, а не детиште. Тој треба да биде џентлмен ако сака да постигне успех.

Инстаграм: ann_space_

3. Марина, 18, Виолета, 18

Марина: Пред отприлика две недели едно момче се обиде да ме заинтересира. На масата во Мекдоналдс ми остави хартијка на која пишуваше: „Напиши го тука својот број“. Тоа не е нешто креативен обид, така што не го напишав својот број. А, добар обид беше кога едно момче остави остроумен коментар под мојата фотографија на социјалната мрежа ВК. Почнавме да се гледаме и бевме во врска една година.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Странците никогаш не се обиделе да започнат разговор со нас. Би требало тоа да го направат, нема да се буниме. Имам пријателка која се забавува со Американец. Тој само ѝ пришол и ја прашал дали може да се фотографира со неа. Заедно се веќе две години.

Инстаграм: mila_0406_ya

Инстаграм: violetta.tomilova

4. Анастасија, 18, Дарја, 18

Анастасија: Најсмешен обид за „освојување“ беше кога едно осумгодишно момче ми пријде на плажа држејќи во раката Ајфон на кој свиреше „валкан рап“. Јас само се насмеав и заминав, а тој продолжи да оди по мене, молејќи ме да му дадам уште една шанса. Ни сега не сфаќам што значи да му се даде шанса на осумгодишно момче.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Инстаграм: _mkass_

Инстаграм: _dashka_no19

5. Јулија, 20, нејзината сестра Екатерина, 15

Јулија: Момчињата често се обидуваат да разговараат со мене. Највпечатлив момент беше кога се затвораше вратата на вагонот во метро, а момчето ја задржа за да влезам. А, кога влегов ми рече: „За тебе засекогаш би ја држел вратата“. Тоа беше мошне симпатично.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Не му го дадов мојот телефонски број зашто веќе имав момче. Странците често ми се насмевнуваат, ми велат дека сум убава, но никогаш не прават чекор понатаму. Не би имала ништо против кога станува збор за Италијанци, зашто тие не ги кријат своите силни емоции и со нив е интересно да се води разговор

Инстаграм: e_r_o_s_h_i_k

6. Сулхија, 21

Еднаш едно момче ми пријде и ме фати за рака. Тој и неговите другари се обидуваа да ме одведат. За среќа, моите пријатели беа во близина. Видоа што се случува и дотрчаа. Настана тепачка и неколку момчиња завршија во болница. Момчето треба да биде харизматично за да има успех кај девојките. Тоа треба да зрачи со позитивна енергија, но истовремено да биде и учтиво.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

7. Анастасија, 24, Јулија, 20

Анастасија: Еднаш во едно кафуле ми пријде човек со свои четириесетина години. Ни се претстави како арапски шеик кој живее во една балтичка земја. Ние превртевме со очите. Потроши многу време зборувајќи за своето богатство – за дворците, автомобилите и други работи. Но, кај него најсмешно беше што носи јакна од вештачка крокодилска кожа.

Ни нудеше пијалак и зборуваше за своите натприродни способности, но ниту една не успеа да ни демонстрира.

Една негова приказна се однесуваше на поранешната сопруга. Ни раскажа како му ја „продал“ на друг шеик зашто му здодеала, и рече дека тоа бил „добар бизнис“. Веднаш потоа нè запроси сите. Не треба да се споменува дека не сакавме да губиме ниту секунда повеќе со тој човек.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

8. Даша, 28

Момчињата не ми приоѓаат често на улица. А, кога ќе ми пријдат, најчесто тоа го прават на погрешен начин.

Оној што сака да го направи тоа како што треба, мора да ѝ пријде на жената што му се допаѓа и отворено тоа да ѝ го каже. На пример: „Имаш многу добри и убави очи. Би сакал да се запознаеме“. Не обидувајте се да ја освоите со разно-разни трикови. Едноставно побарајте да се запознаете. Бидете искрени зашто жените многу добро чувствуваат кога не сте искрени кон нив.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

9. Ирина 44, нејзината ќерка Снежана, 14

Ирина: Мажите често ми приоѓаат. Не обрнувам внимание на нив зашто сум мажена, но тие не се откажуваат.

Денес луѓето се сомневаат еден во друг. Мошне е тешко да се сретне личност кон која може да чувствувате симпатија. Кога бев млада, тоа беше многу поедноставно. Својот иден сопруг го запознав кога бев на гости кај една пријателка. Тој се забавуваше со друга девојка и на почетокот ми беше незгодно кога покажуваше интерес за мене. Но, беше мошне упорен. Замолил еден мој пријател да му го даде мојот телефонски број, потоа ми се јави и ме покани на состанок. Доколку некоја жена ви се допаѓа, тогаш мора да бидете упорни.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Инстаграм: @iv.loran

Инстаграм: @llemann_

10. Лиза, 20

Можеби ова не звучи многу скромно, но момчињата често сакаат да разговараат со мене. Вчера, на пример, тоа се случи четири пати. Проблемот е во тоа што сите момчиња имаат една иста „шема“.

Александар ЧерњавскиАлександар Черњавски

Само еднаш беше навистина симпатично. Одев во метро со една другарка со која се држев за рака. Но, беше голема мешаница и моравме да се пуштиме, а тогаш едно момче ми пријде и ме фати за рака, ѝ мавна на мојата другарка и започна со мене некаков незадолжителен муабет. Морав да одам, но тој не сакаше да ми ја пушти раката. Тоа беше мошне симпатично. Тој наш разговор не прерасна во нешто позначајно зашто јас веќе имав момче. Сепак, им препорачувам на момчињата да не се откажуваат, дури и кога ги одбиваат. Тие се мошне храбри и тоа на девојките им годи.

Инстаграм: @liza.angert

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња