Храбар и брутален: Барон Фон Унгерн, последниот руски хан

Baron Roman von Ungern-Sternberg in Mongolia

Baron Roman von Ungern-Sternberg in Mongolia

Archive Photo
Роман фон Унгерн-Штернберг (1886-1921) имал несекојдневна биографија. Како аристократ со германско потекло е будист и ја ослободил Монголија од кинеската окупација, а сето време се обидувал да ги победи болшевиците и да основа голема Евроазиска империја.

Фотографија од архиваФотографија од архива

„Во Европа и пред и по баронот Фон Унгер имало многу луѓе кои на Истокот барале духовна поддршка“, пишува рускиот автор Леонид Јузефович во романот „Самодржецот на пустината“. „Но, само нему му појде од рака духовната поддршка да ја претвори во воено упориште“.

Унгерн бил руски благородник со германско потекло кој своите последни денови ги минал борејќи се во Монголија и во Сибир, во обид да ја обнови Руската империја со помош на своите азиски коњаници.

Храброст која се граничи со безумие

Припадниците на благородничкото семејство Унгерн-Штернберг по потекло биле Германци, но служеле Русија во седумдесеттите години од деветнаесеттиот век. Роман Унгерн бил најмлад потомок на своето семејство и бил сосема убеден дека за Русија не постои ниту еден друг пат, освен со неа да владее семејството Романови.

Роман фон Унгерн-Штернберг како дете. Фотографија од архиваРоман фон Унгерн-Штернберг како дете. Фотографија од архива

Од друга страна, велат дека ниту самиот Унгерн не бил многу послушен. На пример, како тинејџер за малку не бил избркан од училиште поради тепачки и пиење. Од друга страна сите негови испади не му пречеле да има длабоки патриотски чувства.

Во Првата светска војна Унгерн се борел заедно со Русите против Австрија и Турција. Пет пати е ранет. Награден е со Крстот на свети Георги – симбол на воената храброст. Но, и понатаму продолжувал со испадите. Еднаш во пијана состојба нападнал друг офицер поради што два месеци минал во затвор. По Февруарската револуција од 1917 година заминал на Далечниот Исток.

Будист со меч

Роман фон Унгерн-Штернберг во времет на Прва светска војна. Фотографија од архиваРоман фон Унгерн-Штернберг во времет на Прва светска војна. Фотографија од архива

Одлуката да замине на исток не била случајна. Унгерн бил воодушевен од азиската култура и претходно неколку пати го има посетено овој регион. Особено се интересирал за тибетскиот будизам и за животот на Монголците, Бурјатите и на другите азиски народи кои живеат во Русија и околу неа. И тие луѓе го почитувале Унгерн, особено поради неговите јавачки вештини. Ова обострано почитување и разбирање било добредојдено за Унгерн во неговите подоцнежни воени авантури во Монголија.

Баронот го примил будизмот, но, секако, не ги прифатил неговите принципи кои го отфрлаат насилството. Кога Владимир Ленин со болшевиците ја презел власта во 1917 година, Унгерн објавил дека е лојален на семејството Романови. Во руската граѓанска војна се борел во Сибир заедно со останатите припадници на „белото движење“ против „црвените“.

Монголската кампања

Кога во 1921 година станало очигледно дека „белите“ ќе доживеат пораз зашто Црвената армија напредувала брзо, Унгерн решил да ја напушти Русија, но не онака како што направиле многумина команданти на „Белата армија“. Наместо да избега во Европа, тој својата Азиска коњичка дивизија, составена главно од локални доброволци, ја претворил во герилска единица и минал преку руско-монголската граница.

Монголија на почетокот на 20-ти векМонголија на почетокот на 20-ти век

Во тоа време Монголија била под кинеска окупација, а монголскиот духовен водач Богд-хан живеел во домашен притвор во главниот град кој тогаш се нарекувал Урга, а денес Улан Батор. Кинескиот гарнизон во Урга имал околу 7.000 војници, што значи дека бил петпати поголем од дивизијата на Унгерн (1.400 лица), но баронот успеал да ги избрка Кинезите и да го заземе градот. Набрзо потоа во целост ја ослободил Монголија од кинеските единици.

Последниот руски хан

Монголците го ковале Унгерн на ѕвезди. Богд-хан повторно станал владетел и му доделил на Унгерн титула на хан – најголемо звање за монголски војсководец. Баронот ја имал таа голема власт во Монголија. Монголците дури и го нарекувале „бог на војната“ поради тоа што го поразил окупаторот.

Унгерн вршел репресии, односно наредувал да се убијат илјадници луѓе. Според рускиот историчар Сергеј Кузмин, по наредба на баронот од февруари до август 1921 година биле убиени околу 850 луѓе. Бил суров и брутален. Убивал дури и сопствени соработници и изрекувал смртни казни дури и за ситни прекршоци.

Младоженци во Монголија во 1920-те. Фотографија од архиваМладоженци во Монголија во 1920-те. Фотографија од архива

Сепак, сето тоа не му било доволно. Планирал својата власт да ја прошири и надвор од Монголија. Според Станислав Хатунцев, негов план бил да започне „крстоносна војна против Западот како извор на револуции, и, користејќи ја силата на Азија, да ја воспостави 'азиската' култура и вера во цела Евроазија и така да ги обнови паднатите монархии“.

Фатален крај

Крстоносниот поход сепак не дал плод. Унгерн во мај 1921 година влегол во Советска Русија со 4.000 војници, надевајќи се дека народот во Сибир, незадоволен од болшевичката власт, ќе стане и ќе се приклучи на неговата борба. Тоа не се случило и единиците на баронот биле поразени. На крајот неговите луѓе самите го предале на Црвената армија.

Унгерн е стрелан во 1921 година во Новониколаевск (денешен Новосибирск, 2.811 километри источно од Москва). Во официјалните извештаи се наведува дека бил сосема мирен на сослушувањето и на стрелањето, токму како вистински (иако е типичен) будист.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња