Отворање на цветниот фестивал на Црвениот плоштад во близина на главниот московски трговски центар ГУМ.
Екатерина Чеснакова/РИА „Новости“Фестивалот се одржуваше од 20 јули на повеќе од 40 локации. Главните теми на летниот фестивал беа слатките и цвеќето. Покрај тоа, во рамките на уличните манифестации се одржуваа натпревари на слаткари за креирање рецепт за брендирани бонбони „Москва“.
„Локациите на летниот фестивал ги посетија 7 милиони и 200 илјади луѓе“, изјави заменик-градоначалникот на Москва за економска политика и имотно-земјишни односи Наталија Сергунина на затворањето на манифестацијата во неделата.
Таа истакна дека посетителите купиле повеќе од 2 милиони порции сладолед и 215 илјади тегли слатко.
Во рамките на „Цветниот џем“ јавните простори на Москва беа украсени со проектите на финалистите на меѓународниот натпревар за урбан дизајн на пејзаж – најголемиот од сличните настани кои се одржуваа во Москва. Од 20 јули жителите и гостите на главниот град можеа да се восхитуваат на уникатните композиции од цвеќе, грмушки и други растенија од водечките руски и меѓународни дизајнери за пејзаж.
Своите работи ги претставија мајстори од пет земји: Италија, Франција, Велика Британија, Белорусија и Русија.
Според Сергунина, паралелно со најдобрите руски и меѓународни пејзаж-дизајнери, можност да го украсат градот според својот вкус имаа и обичните Московјани. Повеќе од илјада граѓани учествуваа во аматерска конкуренција за цветни композиции на 11 фестивалски локации. При создавањето цветни ремек-дела на кандидатите им помагаа пријатели и роднини. Многумина дојдоа со своите семејства. Само за декорација на цветните леи беа употребени речиси 14 илјади живи растенија.
Таа, исто така, истакна дека одржаниот летен фестивал е концептуално нов настан кој има за цел да ја открие оригиналноста и посебноста на вообичаените урбани јавни простори, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче