Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со работниците на АД „Лебедински рударски комбинат“ во Белгородската област. 14 јули 2017, Русија.
Михаил Климентјев/РИА „Новости“На Крим креаторите на филмот „Горчливо!“ и „Најдобриот ден“ снимаат долгометражна комедија под наслов „Одморот на Претседателот“.
Тоа е филм за тоа како претседателот на Русија решава да си организира мирен одмор додека патува од Москва до Крим. Патувајќи со автомобил инкогнито, тој се запознава со животот на обичните граѓани, а во меѓувреме на неговото место во Кремљ се сместува негов двојник.
„Уморен од рутината, претседателот одлучува да оди на одмор сам за да одмори на Крим, а патем и слободно да разговара со народот“, вели екипата што го снима филмот. „Разбирајќи дека ќе биде тешко да остане инкогнито и да избега од грижливите колеги, тој прибегнува кон услугите на еден шминкер. Но, неговиот нов изглед целосно се совпаѓа со ликот на Валериј од Н-ск, кој се крие од наплаќачите на долгови со ваучер од мајка му за одмор во кримско одморалиште “.
Се планира филмот да почне да се прикажува во јануари 2018 година.
Главната улога ја игра Дмитриј Грачов, пренесува „Комсомолскаја правда“.
Advertising
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче