Групата „Скутер“ пристигна на Крим

Концерт на електронска музика

Концерт на електронска музика

RBTH
Музичарите на германската група „Скутер“ во петокот пристигна на Крим и покрај заканите од страна на властите на Украина.

Како што соопштува прес-службата на меѓународниот аеродром Симферопол на својата страница на „Фејсбук“, музичарите слетале безбедно.

„На аеродромот Симферопол ја пречекавме групата „Скутер“. Музичарите ќе настапат на 4 август на фестивалот #ZBFest што ќе се одржи во Балаклавската долина“, го пренесува „Взгљад“ текстот на соопштението.

Претходно заменикот на генералниот обвинител на Украина Евгениј Енин изјави дека ако групата отпатува на Крим без специјална дозвола, нејзините членови ризикуваат да бидат осудени на казна затвор во рок од една до осум години.

Претходно беше објавено дека режисерот и музичар Емир Кустуриц бил регистриран во базата на украинскиот сајт „Миротворец“ поради концерт на Крим.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња