Поглед на Волга, Шчербаковски резерват, Волгоградска област.
Lori/Legion-MediaАвтомобилот ВАЗ-2109 се наоѓал во реката 11 години, а луѓето во него (25-годишен младич и 21-годишна девојка) цело време беа сметани за исчезнати.
Вљубените исчезнале на 7 декември 2006 година. Според првичните информации, нивниот автомобил слетал од ридот во водата поради дефект на рачната сопирачка.
Објавени се фотографии и видео од операцијата за кревање на возилото од реката. Во исто време на брегот се наоѓаа родителите на младичот. Според нивните зборови, целото тоа време тие „живееле во исчекување“ и „се обраќале до разни бајачи и јасновидци“. Еден од нив, како што изјави мајката на починатиот, тврдел дека нејзиниот син „се наоѓа некаде во песочна дупка во вода“.
На 25 јули нуркач-аматер пријави во полиција дека го открил автомобилот на дното на реката истрага на реката дното, пренесува порталот „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче