Свештеници на Руската православна црква.
AFP/East NewsНа 27 јули во Омск ќе пристигне ковчег со моштите на 54 свети новомаченици и исповедници руски кои загинале за верата во текот на советските години, соопштува сајтот на Омската епархија на Руската православна црква (РПЦ).
Ковчегот пристигнува на барање на митрополитот Омски и Тавридски Владимир во рамките на програмата за црковни настани посветени на 100-годишнината од почетокот на ерата на прогонот на РПЦ.
Во ковчегот се наоѓаат моштите на 15 епископи, вклучувајќи го и првиот патријарх на советска Русија Тихон, 17 презвитери и ѓакони, 16 калуѓери и шест верници. Списокот е објавен на веб-страницата на епархијата.
„За прв пат во Омската област пристигнува толку голем ковчег со толкав број на мошти“, изјавија од Омската и Тавридската епархија. „Тоа се останки на луѓе кои загинале за верата ширум Советскиот Сојуз“.
Во јануари митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладошки Варсонофиј објави дека е во тек изработка на ковчег за моштите на сите руски новомаченици чии останки се откриени, пренесува Newsru.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче