Девет необични руски поговорки

hedgehog

hedgehog

DPA/Global Look Press
Во рускиот, како и во секој друг јазик, постојат изрази кои не им се потполно јасни на странцте, а некои од нив и се потполно нејасни. Ви предлагаме девет интересни фрази кои Русите ги користат во секојдневната комуникација и кои може да ви се видат чудни.

1. „Тоа и на ежот му е јасно!“ („Ёжу понятно!“) значи „Потполно јасно“, „Јасно за сите“.

DPA/Global Look PressDPA/Global Look Press

2. „Како грашок против sид“ („Как об стенку горох“), се кажува кога нешто (зборови, поуки) воопшто не влијае некому. Кога нема смисла да убедуваш некого, тогаш Русите велат „За него моите зборови се како грашок против sид“.

 Imagebroker/Global Look Press Imagebroker/Global Look Press

3. „Колку мачкина солза“ („Кот наплакал“) се кажува кога нешто е многу малку, кога го нема доволно. Веројатно изразот се појавил затоа што такво нешто воопшто не се случува. Никој нема видено како плаче мачка. А можеби поради тоа што мачките се мали, па ако плачат, тогаш нема многу солзи. Русите често велат вака: „Имам пари во паричник колку мачкина солза“. 

Danita Delimont/Global Look PressDanita Delimont/Global Look Press

4. „Кокошките не колваат“ („Куры не клюют“). Овој израз, напротив, се користи кога некој има нешто премногу. И тој често се користи за пари: „Тој има толку пари што и кокошките не го колваат“. 

 DPA/Global Look Press DPA/Global Look Press

5. „Ветер во глава“ („Ветер в голове“) – така се вели за лекомислен и несериозен човек. За млада девојка често се кажува дека е „ветропиреста“ или дека „ѝ дува ветер во глава“. 

 Imagebroker/Global Look Press Imagebroker/Global Look Press

6. „Пријатели – не полевај вода“ („Друзья – не разлей вода“). Така се вели за неразделиви пријатели кои се секогаш заедно. Тој израз потекнува од обичајот да се полева вода врз луѓе кои се тепаат. Фразеологизмот „пријатели – не полевај вода“ подоцна почнал да се користи за нераздвојни пријатели, а не за непријатели. 

Global Look PressGlobal Look Press

7. „Ни крзно ни пердув!“ („Ни пуха ни пера!“). Така се вели кога некому посакуваш среќа и успех во некоја работа. Често така му се вели на човек кој оди на испит или на првиот разговор со потенцијален работодавач. Обичај е на добродушните зборови „Ни крзно ни пердув“ да се одговори со изразот „По ѓаволите“ („К чёрту!“). Овој фразеологизам влегол во литературниот јазик од ловечкиот жаргон.  Имено, се верувало дека на ловец не треба да му посакуваш среќа за лошите духови да не дознаат за неговите намери. И затоа ловците се испраќале со спротивните зборови „Ни крзно ни пердув“ т.е. со желба да не фати ни птица ни sвер. Целта била да се измамат духовите. 

 DPA/Global Look Press DPA/Global Look Press

8. „Да се родиш во кошула“ („Родиться в рубашке”).  Се вели кога некој има среќа. Под кошула тука се мислело на постелката во која пред да се роди се наоѓа новороденчето. Кај многумина народи се верувало дека дете кое се раѓа во таа постелка (а тоа се случува многу ретко) ќе има среќа во животот. 

 Imagebroker/Global Look Press Imagebroker/Global Look Press

9. Кога Русите некому сакаат да му кажат како да објасниле нешто многу јасно, велат: „Руски ти зборувам!“ ("Я тебе русским языком говорю!"). Тоа значи дека кажаното треба секому да му биде јасно. 

 ZUMA Press/Global Look Press ZUMA Press/Global Look Press

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња