Светскиот фестивал на млади и студенти за првпат бил одржан во 1947 година во Прага. На него се собрале повеќе од 17 илјади млади луѓе од 71 држава. Организатори биле Светската федерација на демократската младина и Меѓународниот сојуз на студентите. На почетокот целта на одржувањето на еден ваков настан била да се покаже меѓународната солидарност кај младите, борбата за мир и праведност, спречување на возродување на фашизмот и избувнување нова светска војна. Како фон за фестивалот послужила антиимперијалистичката агенда, која во себе вклучувала спротивставување на определени земји кои се обидуваат да им поставуваат свои правила на игра на другите земји.
Press photo
Во 1957 година Москва за првпат била домаќин на фестивалот. Тој е најмасовниот во целата фестивалска историја, со оглед на тоа дека во СССР пристигнале 34 илјади учесници од 131 земја. Вторпат Советскиот Сојуз го организираше фестивалот во 1985 година. Уникатноста на настанот беше во тоа што на едно место се собраа луѓе од различни идеолошки кругови со разни погледи на светот. Сепак, без оглед на идеолошкиот раскол во светот во изминатиот историски период, младината комуницираше меѓусебно и младите разменуваа искуства, впечатоци и емоции. На 7 февруари 2016 година на меѓународниот консултациски состанок за одржување на XIX Фестивал на Cветската федерација на демократска младина и меѓународните студентски организации беше донесена одлука Русија да биде домаќин на фестивалот во 2017 година. Се претпоставува дека фестивалот во Русија ќе собере повеќе од 20 илјади млади луѓе од 150 земји во светот, меѓу кои лидери од некомерцијални организации, креативна и спортска младина, лидери од младинските организации, млади политичари и дипломати, млади наставници од високообразовните институции, лидери на студентското самоуправување, млади научници, млади еколози и инженери, а исто така и сонародници и странци кои учат руски јазик и кои се интересираат за руската култура.
Одржувајќи го континуитетот на традициите на фестивалот и солидарноста со неговите основни принципи, Русија, сепак, ќе даде нов импулс на настанот и ќе направи сè што е можно за младината што е дојдена да го запомни фестивалот долго време. За симбол на фестивалот е земен шарен вртипоп кој во себе ги сплотува врските на поколенијата, мирот и единството на целата меѓународна јавност. Во текот на фестивалот учесниците ги очекува опширна програма која е поделена на неколку блока: дискусиски, културен, спортски. Тоа ќе им овозможи на младите од целиот свет на различни места да разговараат за клучни теми како што се културата и глобализацијата; глобалната економија; економијата на знаењата; развојот на општествените институции; политиката на меѓународната безбедност. Исто така на фестивалот можат да се измерат силите на трчање на 2017 метри, да се допре уличната уметност и да се насладува со ремек-делата на руските театарски постановки, и дури да се земе учество во предавањето на обновените спортски нормативи на ГТО (во времето на СССР постоеше спортски комплекс „Готов за труд и одбрана). Секоја делегација може да ги претстави културата и обичаите на својата земја, нејзините спортски, научни и креативни достигнувања. Работата на фестивалот ќе се одвива на шесте официјални јазици на ОН.
Press photo
Сакаме да го потсетиме сиот свет кој сега поминува низ состојба на дебаланс во меѓународните односи дека идеите за праведност, мир и солидарност меѓу различните народи, нации, култури не треба да се стави на полицата на „стари и непотребни ствари“. Овие идеи како никогаш порано се актуелни, со оглед на тоа дека иднината се онака како што ја гледаат младите поколенија.
Користејќи ги ресурсите на општествената дипломатија низ институциите на граѓанското општество неопходно е во прв ред да се воспитуваат млади лидери на општествени организации кои се способни да развиваат општествена дипломатија, кои ја разбираат неопходноста од интеграција и од консолидација на светот, кои имаат знаења и искуство за понатамошна промоција на обединувањето.
Меѓународната соработка, како дел од општествената дипломатија, претставува колосален ресурс на дејноста на општествените заедници и основа за долгорочна соработка и заемно разбирање меѓу земјите.
Одржувањето на Фестивалот на млади и студенти во 2017 година во Русија ќе може да даде нов импулс во развојот на меѓународната младинска соработка.
Press photo
Балканот претставува стратешки важен регион за Русија. Се надеваме на максимално количество учесници од земјите од регионот кои не само што ќе земат учество, ами и за себе ќе пронајдат некаков посебен дел од Русија. Имено од младината на регионот ќе зависи иднината на нивните земји, на регионалната политика, а исто така и на билатералните односи со сите земји во светот.
Срцето на Русија ќе чука во Сочи заедно со младината од целиот свет. Пријава за учество на фестивалот може да се однесе на сајтот russia201.com. Придружете ни се и да се видиме во Сочи!
Фотографија од приватна архива
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче