Зошто руските универзитети се котираат лошо на меѓународните ранг-листи?

Московскиот физичко-технички универзитет.

Московскиот физичко-технички универзитет.

Press photo
Кои критериуми влијаат на оценувањето на универзитетите и зошто меѓународниот систем на рангирање е ориентиран кон западниот модел на образование?

24 руски универзитети се најдоа на меѓународната ранг-листа на високообразовни институции на Светската ранг-листа на универзитети за 2016-2017 година на британскиот магазин Тајмс Високо Образование Times Higher Education (THE), објавена на 21 септември. Во споредба со минатата година, руското присуство на ранг-листата е зголемено двојно, затоа што се појавија 11 нови универзитети.

Водечки руски универзитетот на ранг-листата е Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (МГУ). Тој е на 188 место. Следен претставник на Русија е Московскиот физичко-технички универзитет (МФТИ), а трет е Санктпетербуршкиот национален истражувачки универзитет за информатички технологии, механика и Оптика (ИТМО).

Гледано во целина, поголемиот дел од руските универзитети (9 од 13) зазедоа ниски позиции на листата во споредба со минатата година. Експертите кои ги консултираше „Руска реч на македонски“ ги наведоа главните причини зошто руските универзитети не котираат високо на меѓународните ранг-листи и објаснија зошто руските високообразовни институции и инаку тешко достигаат до слични ранг-листи.

Западен модел на образование

Во светот во моментов има околу десет глобални рангирања на академската репутација на универзитетите. ТНЕ е една од нив. Таа се формира врз основа на 13 индикатори групирани во пет категории: образование, научноистражувачка работа, цитираност, интернационализација (зависи од бројот на странски студенти) и иновации.

„Рангирањето на Times Higher Education за руските универзитети е понеповолно од другите светски системи. Во него, на пример, се зема предвид и финансирањето на истражувањата на универзитетот изразено во долари, а на тие показатели влијаат  промените на курсот на рубљата“, го коментира годинешното рангирање на МГУ ректорот, академик В. А. Садовничиј.

Меѓутоа, финансиското прашање не е најголемиот проблем во оценувањето на руските високообразовни установи. Се покажа дека системот и методологијата на меѓународните рангирања се ориентирани кон западниот модел на образование.

„Водечки институции за рангирање се THE и QS, а тие се со британското потекло и подобро го познаваат системот на образование кој е таму вкоренет. Руското образование има свои особености и своја специфика кои западните ранг-листи не ги земаат предвид во целосен обем. Станува збор за тоа што повеќето западни високообразовни установи се состојат од класични универзитети кои подготвуваат стручњаци за широк спектар на специјалности. Во Русија се традиционално силни специјализираните универзитети кои се основани со посебна задача. На пример, МФТИ подготвува интелектуална елита во областа на природните науки, МИФИ (Универзитетот за нуклеарни истражувања) ги обезбедува водечките експерти во областа на нуклеарната индустрија, додека Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ дава врвни лекари“, вели за „Руска реч на македонски“ началникот на управата за стратешки развој на МФТИ Виталиј Баган.

Причините за ниското рангирање на руските универзитети

Русија уште во 2003 година ја потпиша Болоњската декларација, но и покрај тоа рускиот модел на високото образование во споредба со западните премолчено ја задржува својата специфичност, односно поделбата на универзитетите во конкретни области. Универзитетите на „некласичните“ науки во Русија имаат тенденција да бидат ставени на глобалната академски ранг-листи, но тоа не е лесно да се постигне.

„При општото рангирање се консултираат експерти од сите области и се бараат показателите на универзитетите во различни дисциплини, од физика до историја на уметноста. Логично е универзитетите кои подготвуваат кадри за одредена специјализирана област да добиваат далеку помалку поени“, заклучува Виталиј Баган.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња