На 15 минути пеш од метро-станицата, од кои десетина низ шума, можете да стасате на плажа! Тука, на брегот на реката Москва се поставени огромни платформи покриени со штици на кои може да се смести дури и поголемо друштво. Зад нив се наоѓа терен за одбојка и за фудбал на песок. И сето тоа е бесплатно.
Плаќаат само оние што сакаат да се искапат во базените (два за возрасни и еден за деца) кои се сместени понтоните кои се практично на нивото на водата во реката. Цената за возрасни е околу 3 долари за час во работен ден и околу пет долари за викенд. Целодневен билет чини 12.5 долари (во работни денови) и 16 долари (за викенд). Плажата има кабини за преоблекување, канти за смет, тоалети , киосци со освежителни пијалаци и кафуле.
„Нам ни се допаѓа. Живееме близу и доаѓаме секогаш кога имаме можност“, вели Зинаида, баба со три внучиња. „Си ги носиме играчките или децата играат фудбал тука на теренот. За викенд има многу луѓе и речиси сите се капат во реката“.
Press photo
Тука е малку потешко да се стаса: од метрото триесетина минути со автобусот број 190. Плажата има сопствен помал паркинг.
Оваа плажа е бесплатна и е практично „дива“. Еден дел е среден и има лежалки, но во поголемиот дел има трева која боцка и понекаде песок. Посетителите најчесто лежат на пешкир на земја, но за 9.5 долари може да се изнајми лежалка за цел ден.
Плажата има туш, тоалети, кафуле (во работни денови работи како бар), маси за пинг-понг и терен за одбојка. Може да се изнајми дури и чамец.
„Во работни денови е убаво, нема никој! А, за викенд е незгодно, има многу народ. Водата на ова место е прилично чиста. Тука растат дури и лилии“, вели за „Руска реч на македонски“ една посетителка.
Михаил Почујев/ТАСС
Плажата на брегот на Големиот строгински залив, до кој од метро-станицата може да се стаса со автобусите 687 и 277. Има помал паркинг. Навечер тука се организираат журки со гласна музика (влезницата чини околу 16 долари), а преку ден секој може да ужива на лежалка и да се искапе во езерото.
Сè е чисто и средено. Постојат кабини, тоалети и ресторан. Во работните денови влезницата чини 5, а за викенд 8 долари. За оние што сакаат активности предвидени се различни забави: веикборинг, воден велосипедизам, изнајмување чамец, па дури и едрење на штица. Исто така има и трамбулина и терен за фудбал и за одбојка.
Поради ветрот или поради амбиентот, човек се чувствува како да е во близина на море.
Добро (и бесплатно) место во центарот на градот каде можете да наминете и да се искапете во базен веднаш по работа. Од метрото се стасува пеш за 5 минути, а за возачите на територијата на арт-кластерот „Флакон“ предвиден е платен паркинг.
Самата плажа не е голема – собира дваесетина лежалки. Затоа, пак, базенот е голем и е совршено чист. Има и кафуле во кое посетителите го минуваат времето.
Ова не е место за хармонија со природата, зашто наоколу се наоѓаат ѕидовите на поранешната фабрика за стакло и кристал прошарена со графити, но ако се најдете во Флакон задолжително наминете, зашто ова е „типично московско место“, како што велат луѓето кои тука се сончаат.
Десетина минути пеш од метро-станицата и веќе можете да скокнете во „The Басејн“. Комплексот не е голем, но е добро уреден. Има два базени – еден голем за возрасни и еден помал за деца, со загреана вода и тобоган, голем број лежалки, катче за деца, кабини за преоблекување, тоалети и гардероба.
Можете да каснете во кафулето со пријатна атмосфера, а можете да си легнете директно на лежалка. Се изнајмува сè што е потребно за пинг-понг, одбојка, бадминтон и за друштвени игри.
Ова место е пред сè за млади луѓе. По цел ден се слуша електронска музика, а за викенд се организираат журки.
Еден термин (2 часа и 45 минути) чини 6 долари во работен ден и 9.5 долари за викенд. Целодневна влезница во работен ден чини 9.5, а за викенд 22 долари.
Press Photo
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче