Евровизија 2016: кој е господинот Киркоров?

Пејачот Филип Киркоров

Пејачот Филип Киркоров

Екатерина Чеснокова / РИА „Новости“
Оваа година на Изборот за песна на Евровизија Русија ќе ја претставува Сергеј Лазарев, чија песна на Јутјуб досега ја имаат гледано над 7.5 милиони луѓе и која високо котира кај букмејкерите. Но, кога започнува да се зборува за рејтингот, се заборава на човекот од заднина. Тоа е продуцентот и авторот на музиката за песната – Филип Киркоров, кој во Русија важи за крај на руската поп-сцена.

Во 90-те Киркоров сам стоеше на евровизиската сцена

Киркоров во Русија е пејачот што сите го сакаат и број 1 поп-ѕвезда. Роден е во 1967 година, за првпат излегол на сцена на 5 години: неговиот татко бугарскиот пејач Бедрос Киркоров, приредувал концерти, а малечкиот Филип му ги предавал цвеќињата.

Популарноста на Киркоров помладиот започнува кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век кога на него обрнала внимание „руската Мадона“ Ала Пугачова. Таа е 18 години постара од него и во тоа време била популарна не само во СССР, ами и во странство. Меценството прераснало во љубов, па во 1994 тие се зеле. Таа година Русија за првпат учествува на Евровизија.

Во 1995 година на изборот во Даблин Филип замина сам со баладата „Приспивна за вулканот“.

Тој го зазеде 17 место, но неговата врска со Евровизија тука не запира. По 3 години тој, фасциниран од песната на пејачката од Израел Дана Интернешнл, прави кавер на нејзината победничка песна „Дива“. 

На натпревари со други

Киркоров не помислува на реванш. „Нема да се вратам на евровизиската сцена како интерпретатор. Тоа е натпреварување за млади пејачи. Но, ќе станам победник, барем како продуцент и композитор“, вели тој за „Руска реч на македонски“.

Неговиот прв обид беше со учесничката од Белорусија во 2005 година, но резултатите не беа најдобри: Анжелика Агурбаш го зазеде 13 место. „Тогаш сè уште не ги разбирав премолчените правила на ова натпреварување, се сеќава Киркоров. – Нашата грешка беше во тоа што ние ставивме акцент на промоцијата, на костимите, наместо на самата песна – таа не беше многу успешна“. Имено тогаш, според него, станало јасно дека главното е изборот на песната. Оттогаш тимот на Киркоров прави нумери „според клуч“ – од песна до сценографија.

Дрим-тимот на Киркоров е грчки. Тој е составен од директорот Фокас Евангелинос, композиторот и коавторот Димитрос Кандополос и продуцентот Илиас Кокотос. Имено со нивна помош во 2006 година е направена нумерата на Дима Билан, кога од клавирот се појави балерина.

Истиот тим ги подготви песната и настапот на украинската претставничка Ани Лорак, која во 2008 година беше на чекор до победата. Со нивна помош Киркоров ги однесе на Евровизија сестрите Толмачови и продуцираше низа други изведувачи. Така денес тој го носи називот „руски мистер Евровизија“.

Мистер Евровизија се плаши од конкурентите од Русија

Во Германија така го викаат композиторот и продуцент Ралф Зигел, кој има подготвено 24 учесници за Евровизија. Во Шведска тоа е Томас Гасон, авторот на песната „Euphoria“ на Лорин.

 Но, според Киркоров, за целото време додека учествува на Евровизија сериозен конкурент имал еден, и тоа од Русија. Тоа е продуцентот на Дима Билан Јана Рудковскаја. Кога пејачот по вторпат ја освои сцената и победи на Евровизија во 2008 година, неговата нумера беше поставена од истиот човек, кој ја работеше и конкурентката од Украина Ани Лорак. Победата на Билан му ја донесе продуцентскиот маневар: на сцената тој излезе заедно со светски познати личности – лизгачот Евгениј Пљушченко и виолинистот Едвин Мартон. „Вакви продуценти немам сретнато“, признава Киркоров.

Главен конкурент на Русија ѝ е Франција

Оваа година главен ривал на Русија, според Киркоров, ќе биде Франција. „Франција имаат мошне силна композиција, а Амир е харизматичен пејач. Згора на тоа тука може да е и желбата на целата европска публика следната година да замине во топлата Франција, а не во студената Русија“, вели Киркоров.

За организаторите на Евровизија, според него, уметноста секогаш била над политиката. „Уверен сум дека телевизиските гледачи сметаат исто така. Доколку Сергеј Лазарев може со својата харизма да ја освои Европа, тие ќе го поддржат него, - забележува Киркоров. – Русија оди на натпреварот со отворено срце и доколку победи со радост следната година ќе го организира натпреварувањето следната година“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња