1. Ех, руски народец! Не сака тој да умира од својата смрт! („Мртви души“)
2. На сиот свет му е познато дека кога Англија шмрка тутун, Франција кива. („Записките на лудиот“)
3. Рускиот човек... има чудно својство: кога во џебот ќе му се најде некој грош – тогаш за сè му е гајле и морето му е до колена. („Портрет“ од раните редакции)
4. ... се тепаше со мажа си само наутро, оти само во тоа време и го гледаше понекогаш. („Ревизор“)
5. На сите отворено им кажувам дека земам мито, но какво мито? Мито со кутриња јазовци. Тоа е сосема поинаква работа. („Ревизор“)
6. Сега секоја штотуку изведена гасеница мисли дека е аристократ. („Ревизор“)
7. Александар Македонски е херој, ама зошто да се кршат столчиња? („Ревизор“)
8. Откако станав началник, можеби ќе ви се чини неверојатно, но сите, како муви, закрепнуваат. Болниот не успеав да влезе во лазаретот, а веќе е здрав; и тоа не е од лекарствата, колку што е од чесноста и од дисциплината. („Ревизор“)
9. Сепак, ѓавол да го земе, прекрасно е да си генерал! („Ревизор“)
10. Рускиот човек има непријател, непомирлив, опасен непријател, без кој тој би бил исполин. Тој непријател е мрзата. (од писмата до Аксаков)
11. Со мудро познание за срцето и за животот ќе се одѕива словото на Британецот; со лесен замав ќе блесне и ќе се разлета недолговечното слово на Французинот; тајно ќе го смисли, не секому достапно, паметното и сурово слово на Германецот; но не постои слово кое би било толку опфатно, смело, кое би излегло од под самото срце, кое би кипело и живо би треперело, како прецизно кажаното руско слово. („Мртви души“)
12. ... по она од сношти, во грлово небаре ескадрон ми преспал... („Мртви души“)
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче