Историјата на Бољшој театар денес се смета од март 1776 година, кога кнезот Пјотр Урусов добил од императорката Екатерина Втора одобрение за отворање јавен театар во Москва. Но, само пред неколку години беше дознаено дека уште во 1766 година за отворањето на јавниот, не придворски, театар бил објавен она што денес се нарекува тендер. Биле поднесени 4 пријави: една од Французите, две од Италијанците и една од Русинот Николај Титов. Титов победил и му го дале Оперскиот дом на Јауза, каде на 21 февруари 1766 година била прикажана првата претстава. Може да се каже дека од овој дом и започнала историјата на Бољшој.
По 3 години Титов речиси пропаднал поради даноците и бил принуден да ја продаде царската привилегија за поседување театар. Го купиле Италијанците Белконти и Чинти, а по две години го прекупил Италијанецот Грати. По неколку години дошло времето на кнезот Урусов, од кого денес и се пресметува историјата на Бољшој театар.
Бољлој театар во 1870 година. Press Photo
Впрочем, зданието што го има изградено Урусов, изгорело пред отворањето и тој решил да го продаде бизнисот на Англичанецот Мајкл Медокс, математичар од Оксфорд, кој бил донесен за да го учи принцот Павел Петрович. Тој избрал земјиште за изградба, онаму каде и денес се наоѓа Бољшој театар и изградил здание од тули. А, на 30 декември 1780 година театарот бил отворен.
Театарот на Медокс имал сала со речиси илјада места, сцена и јама за оркестар. Веднаш над сцената се наоѓале ложите каде седеле „познавачите“, при што речиси сите од нив биле познати личности. Имено тие им давале знак на гледачите: на пример, покажувале два прста и сите ракоплескале силно. Веројатно нив можеме да ги сметаме за првите клакери.
Најпознатите балови во опера сега се случуваат во Виена, но Виенската опера е изградена 100 години по нашиот театар. Медокс на почетокот сакал во Бољшој да направи простории за одмор, каде преку ден дамите можеле да комуницираат, а мажите да водат преговори. Во 1788 година на театарот бил доградена тркалезна маскарадна сала „Ротонда“, каде се одржувале балови.
Колку и да звучи чудно, но првата примабалерина на Бољшој театар била Французинка. Фелисите Виржини Гилен-Сор дошла во Москва со својот маж-танчар по покана. Токму таа блескала на отворањето на 6 јануари 1825 година во новоотворениот Бољшој театар, откако претходниот изгорел во пожар.
Press Photo
Во 1918 година Владимир Ленин настојувал Бољшој театар да биде урнат, демек операта е буржоаска уметност, скапо е да се опслужува, артистите се безобразни, сакаат пари. Колку и да е чудно, за зачувувањето на Бољшој се заложиле Јосиф Сталин и Анатолиј Луначарски, кој може да се смета за прв министер за култура на СССР.
Плафонот со сликата „Аполон и музите“ го создавале уметниците кон средината на 19 век. Во 1940 година властите решиле да објават конкурс и да ги пребојат музите во „советски работнички стил“. На конкурсот се јавиле многу познати уметници, како што се Евгениј Лансере и Константин Јуон. На почетокот на Втората светска војна плафонот бил урнат од бомба, морало да се реновира, па на него се појавиле ни новите музи-„селанки“ на Павел Корин.
Аполон и музи. Press Photo
Цензурата постоела и во царско и во советско време. За време на царот постоел специјален зборник либрета исклучиво од руски автори и композиторите можеле да избираат само од него. Во советско време, во 1948 година сите менаџери, од генералниот директор до главниот диригент, биле симнати поради поставување на операта на Вано Мурадели „Големата дружба“, во која за првпат на сцена како лик се појавил Ленин. Партијата сите ги обвинила за формализам и за искривување на историските факти – во либретото станувало збор за непријателските односи помеѓу Русите, Грузините и Осетинците во дваесеттите години од минатиот век.
За артистите работата во Бољшој отсекогаш била мечта – во СССР таму се добивале највисоки плати и други привилегии. А, скандал со бегство од Бољшој имало само еден: летото 1979 година за време на гостувањето во Њујорк, танчарот Александар Годунов побарал политички азил. Советските власти се обидувале неговата жена, балерината Људмила Власова, да ја вратат во Москва, но Американците 3 дена го држеле нејзиниот авион и не давале да одлета. На крајот Власова ја наговориле да се врати во татковината, а Годунов ја продолжил својата кратка кариера во American Ballet Theatre.
Александар Годунов, 1979 година, Њујорк. Press Photo
Познатата квадрига на Аполон се наоѓа на зданието на театарот од 1825 година. Првата била направена од алабастер и се скршила при пожарот. Притоа, таа не стоела со предниот дел кон гледачите, ами отстрана. Сегашната бронзена му се припишува на скулпторот Пјотр Клодт (автор на скулптурите на Аничковиот мост во Санкт Петербург), но документирани потврди за тоа не постојат!
Press Photo
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче