Златни коси

PhotoXpress
Вчера во Москва во 83-година од животот почина големиот руски автор Јуриј Мамлеев. Писателот Јуриј Мамлеев го нарекуваа продолжувач на Достоевски. Неговите романи се преведени на голем број јазици, а македонската читачка публика најмногу го памети по „Вампир-Психопат“. Неговите раскази се поместени во голем број антологии, меѓу кои и миниантологијата на светскиот расказ „Приказни за смртта и љубовта“. „Руска реч на македонски“ ве потсетува на еден од неговите најфасцинантни филозофски раскази, посветен на вечниот проблем со човековото ЈАС.

Тој, знаменитоста, седеше во раскошната соба во еден хотел во Њујорк. И тој не знаеше што да прави: тој имаше сѐ - и слава, и пари.

На земја лежеа педесет и пет различни весници со негови портрети.

И одеднаш со нив завладеа постмодернистичката палавост. Тој почна да разговара со сопствените портрети.

И тогаш почна да се кикоти.

Тоа кикотење беше толку надреално што го разбуди стаорецот кој се наоѓаше под земја.

Тој стана и, соблекувајќи се, се доближи до огледалото. Таму, во тоа огледало од неговата речиси антикварна соба во тој волшебен хотел, тој повторно ги виде своите портрети, расфрлени на теписите и на креветите. Боже, колку беше (и се уште е!) голем! Семислечки, автор на четириесетина книги, секоја од нив на нивото на Шекспир и на Достоевски ( така велеа весниците), лауреат на сите големи светски награди, визионер (кој не заостануваше зад Блејк), господар на најпрефинетите жени и воопшто достапен натчовек.

А, тие коси што цутеа (како блесок на злато), на нив паднаа момчињата со највисоки критериуми!..

Тој му се приближи на огледалото, внимателно набљудувајќи го сопственото тело. Знаменитост! Собирно место на сите можности и сили! И си помисли: Мојата нова книга ќе се вика „Сексот и јас“. Ќе стане светско откровение. Сиот свет ќе ја купи книгата за моето тело.

Но, одеднаш посака да стави сопствена фотографија од еден влијателен весник на органот од своето тело, кој не беше наменет за закачување портрети. Тоа ќе биде голем симбол!

И се доби симбол. Портретот сјаеше, одблеснувајќи во златното огледало! Ете го - оригиналот на Нарцис! Ете го - континуитетот меѓу големата старогрчка култура и нашата суператомска цивилизација на Хирошима и летот на Месечината!

Портрет на органот во огледалото! Му се сонило ли тоа на Нарцис, кој не бил воопшто познат, ами е само митолошка фигура, кој не влегол во светот на реалните факти?! А, неговиот пенис и неговиот портрет се факт.

Без оглед на тоа што неговите фотопортрети блескаа по сиот свет веќе многу години, тој не престана да ги обожава!

На крајот на краиштата, знаменитоста (а, згора на тоа и „гениј“ - според весниците) почна да ги чита статиите за себе, сета разголена пред својот одраз. Имаше орелски поглед.

„О. Достоевски, о, Данте, о, Толстој и Шекспир! Тој е тој што ги обедини сите. Тој ни го откри еросот, независната психоанализа! Тој нѐ откри сите нас како Нарциси“. Така пишуваше во весниците. Всушност, тој беше повисоко од античките богови (иако тој никогаш директно не ја искажал таа концепција).

И одеднаш чудна мисла падна во неговата пијана од величање (и малку од наркотици) глава: Дали сум јас, натчовек и гениј, зависен од босовите, од печатот што е под нивна власт, од оние што одредуваат кој ќе биде познат, од господарите на сиот свет…

Неговиот пенис таинствено се спушти и портретот падна на земја.

- Каков срам! Излегува дека со тоа што ме избрале, тие мене ме создале, ме фабрикувале, а не јас! Јас не сум творецот на својата великост!

Тој се погледна себеси во огледало.

- Кутриот тој! - извика. - Каков удар!

Неговите очи потемнеа.

- Да се запали! Да се запали! Ете го мојот одговор. Оган! Оган! Јас сум голем по својата природа!

И тој ги запали весниците што пишуваа за него. Тоа веќе ја надмина моќта на Нерон.

- Ете го, вистинска нарцисоидност! Дали е тоа зависност? - извика тој.

Весниците пламтеа, одразувајќи се во огледалото. А, тој, севкупен, недостижен, стоеше настрана од тој пожар. Весникот, што беше паднал од неговиот пенис, гореше најсилно од сите, небаре во собата имаше сонце. Тој гореше речиси како нова ѕвезда.

О, велик дисиденту!

…По неколку дена, весниците пишуваа за него нешто во стилот: Неговиот бунт против неправдата го надмина секое разбирање. Тој е револуционер! Тој е приврзаник на современото востание! Неговата нарцисоидност е синтеза на револуцијата и на контрареволуцијата. Неговиот бунт е полет во дваесет и првиот век.

И сето тоа беше по повод неговото последно, луто, интервју прелиено со гнев за иднината, во кое, исто така, беше скриена и пресметана почитта на таа страна, каде што треба.

И неговиот „бунт“ беше скапо оценет и брзо наплатен.

Наскоро се појави преведен на осумнаесет јазика, есејот што го потресе сиот свет за мастурбацијата на фетусот во мајчината утроба. Тој есеј беше објавен во најелитните списанија.

П половина година се појави неговата поема „Бе-бе-бе“, која беше составена од комбинација на тие звуци. Весниците восхитено објавија дека таа поема го означува крајот на литературата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња