Најнеобичните сувенири со ликот на Путин

Ројтерс
Рускиот претседател Владимир Путин е мошне популарен симбол за правење сувенири. Притоа, со ликот на шефот на државата не се прават само маици и шолји, ами и интересни минијатури, маски од латекс и престилки. „Руска реч на македонски“ направи список на најнеобичните предмети.

Студентот на правниот факултет Сејмур Мемедов со својот брат минатата година започнаа производство на статуетка „Путин на мечка“. Статуетката стана толку популарна, што во септември годинава тие решија да пуштат во продажба уште две статуетки – „Путин и Обама“ и „Путин – Дедо Мраз“. „Не сакаме да го навредиме Обама, тоа е едноставно шега. Обама има школска униформа. На долниот дел на статуетката стои буквата V, што значи Владимир Владимирович и Vendetta.

Матрјошки, часовници и маски

Матрјошката „Политичари“ ги потисна според својата популарност традиционалните руски матрјошки, вели Александар, продавач на сувенири на Црвениот плоштад.

Најпрофитабилен и најпопуларен сегмент од пазарот кој е поврзан со патриотската тематика е облеката. Маици со руските лидери се продаваат на секој агол.

Една американска туристка на прашањето дали во САД има маици со Обама, се смее и вели дека тој не е толку интересен и популарен како Путин.

„Обама цело време седи на биро, додека Путин јава на коњ. Токму затоа Путин е попопуларен од Обама!“, вели таа.

Французинот Франк Гион за првпат е во Русија и не може да престане да се чуди на количеството сувенири со портретот на претседателот: „Путин убаво изгледа на шолји, на маици, на часовници! Во Франција немаме сувенири со Саркози и со Оланд, дури тешко ми е да си ги замислам“.

Еден од најнеобичните и најпопуларните сувенири што се појави оваа година е маската од латекс со ликот на Владимир Путин. Таа изгледа мошне реалистично.

Футроли за телефони со портрети и со фрази од претседателот се продаваат не само во скапи бутици, туку и во премините по мошне ниски цени. Мексиканецот Ерик има купено неколку футроли – за себе и за своите деца: „Одличен сувенир! Навистина ќе го користам. Во Мексико многу го сакаат Путин и мислам дека луѓето ќе реагираат позитивно! Освен футроли имам купено и неколку маици со Путин и со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Теписите со ликот на Владимир Владимирович е повеќе популарен кај Русите, зашто е неудобен за превезување.

Хрватскиот бизнисмен Анте Кружиќ за својата сопруга има купено престилка со Путин кој се смее: „Често ни доаѓаат гости и се надевам дека ќе им се допадне престилката на жена ми“.

Сепак, постојат и некои други сувенири со ликот на Путин, кои странците претпочитаат да не ги купуваат, а тоа се лепенки за автомобили, корици за пасош и лепенки за нокти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.