Министерот за одбрана на Франција им понуди на САД да ги купат руските „Мистрали“

Париз донесе одлука да се откаже од испорака за Русија на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“, иако разбира дека неисполнувањето на договорот значи дека ќе мора да ѝ врати голема сума пари на Москва, изјави министерот за одрбана на Франција Жан-Ив Ле Дриан, зборувајќи во „Маршаловиот фонд“ во Вашингтон.

 

 

„Доколку САД ги купат „Мистралите“, ќе ми биде многу мило“, изјави министерот за одбрана на Франција Жан-Ив Ле Дриан.

Тој потсети дека есента минатата година претседателот на Франција Франсоа Оланд го запре предавањето на овие воени бродови на Русија поради нејзината политика спрема Украина. „Тоа беше правилна стратешка одлука“, рече Ле Дриан. Според неговите зборови, оттогаш ситуацијата не е променета и зделката со Русија не треба да се реализира. „Не постојат услови за тоа“, истакна министерот за одбрана на Франција.  

Тој призна дека за неисполнувањето на договорот неговата земја ќе мора да плати 1,2 милијарди долари, но друг излез не постои. Франција ќе мора да бара нов купувач за овие бродови, и тоа нема да биде лесно. „Доколку САД ги купат, ќе ми биде многу мило“, рече Ле Дриан. Но на разговорите во Пентагон министерот за одбрана на САД Ештон Картер не зборуваше за тоа, додаде тој, по што следуваше смеење од страна на присутните.

Минатата недела беше соопштено дека Москва и Париз првично ја договориле сумата за неиспорачувањето на „Мистралите“.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња