Дубл дв@ за целиот свет

Извор: Сергеј Михеев / Росијскаја Газета

Извор: Сергеј Михеев / Росијскаја Газета

На сајтот на „Росијскаја газета“(d2.rg.ru) во периодот од 6 до 20 април ќе се одржи онлајн-филмскиот фестивал Дубл дв@.

Фестивалот на своите гледачи, традиционално, ќе им понуди руски филмови што се во и надвор од официјалната селекција, а поголем дел од нив ќе бидат прикажани со титли на англиски јазик. Како што забележува организаторот, „задача на официјалната селекција е на широката публика да ѝ прикаже квалитетни руски филмови, кои не дошле до пошироката публика, а кои заслужуваат внимание“. Секој филм ќе може да се гледа не само во реално време ами во текот на 48 часа по предвиденото време за првото прикажување. 

Во официјалната програма за 2015 година ќе бидат прикажани филмови што биле снимени изминативе години, а кои не дошле до широката публика, („Глупав дебел зајак“ на Слава Рос, „Елизиум“ на Андреј Ешпај, „Рудник“ на Нурбек Еген), но и најпознатите филмови од 2014 година што добија награди на интернационални фестивали, но кои ги гледале малкумина. Меѓу нив се „Кучешки рај“ на Ана Чернакова, „Клас за корекција“ на Иван Твердовски, „Како ме викаат“ на Нигина Сајуфалева, „Будала“ на Јуриј Биков и други. 

„Маша и Мечокот“ победија!
За првпат во историјата едена руска анимирана серија победи на престижниот фестивал Kidscreen Awards во Мајами.

Гледачите не само што ќе можат да ги гледаат филмовите туку и да ги оценуваат од 1 до 10, со цел да се одреди лауреатот на Наградата од публиката. 

Во рамките на фестивалот ќе биде направена ретроспектива на неколку филма, меѓу кои и „Време за желби“, „Завист на боговите“ и „Измама“. 

Освен тоа, фестивалот на своите гледачи ќе им ја понуди програмата за документарен филм – „Спомен“. Ќе бидат прикажани познатиот публицистички филм на Михаил Ром, „Обичен фашизам“ и документарниот филм на Александар Зељдович, „Процес“, кој ја анализира природата на тоталитаризмот врз примерот на судбината на членовите на Еврејскиот антифашистички комитет, кои биле стрелани по наредба на Сталин во 1952 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.