Турски министер: Анкара не жали за соборениот авион, само „тагува“

Министерот за економија на Турција Нихат Зејбекчи изјави дека Турција не жали поради инцидентот со соборениот руски бомбардер, но „тагува“ поради тоа.

„Не чувствуваме жал, но тагуваме. Тие (руската страна) исто така треба да тагуваат. Претпоставуваме дека и тие се вознемирени по повод намерното нарушување на турскиот воздушен простор“, изјави министерот, соопштува „Хуриет Дејли Њуз“.

Според Зејбекчи, Русија во наведената ситуација не е во право, затоа што нејзиниот авион се задржал во воздушниот простор на Турција „13 или 14 минути“, без оглед на „безбројните предупредувања“ упатени до пилотот.

Министерот истакна дека конфликтот меѓу Москва и Анкара се одразил со негативни последици за двете страни и најразумниот излез од наведената ситуацијата е „воспоставување на односите колку што е можно побрзо“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња