Министерството за одбрана на Русија соопшти дека дошло до инцидент во Егејското море. Во неделата рускиот брод на крајбрежната стража „Сметливи”, кој се наоѓал на 22 километри од грчкиот остров Лемнос во северниот дел на Егејското море, спречил судир со турски рибарски брод.
„Во 9:03 часот по московско време бродската служба на растојание од околу илјада метри забележала турски брод кој му се приближувал на рускиот брод „Сметливи“, соопшти министерството. „И покрај бројните обиди на бродот „Сметливи“, посадата на турскиот рибарски брод не воспоставила радио-контакт со руските морнари и не одговорил на специјалните визуелни сигнали и сигналните ракети“.
„Кога турскиот рибарски брод му се доближил на рускиот брод на крајбрежната стража на околу 600 метри, со цел спречување судир на бродовите на растојание кое гарантира дека бродот нема да биде погоден, применето е огнено оружје“, истакна руското Министерство за одбрана, пренесува „ЛајфЊуз“.
Министерството соопшти дека турскио брод веднаш потоа го променил курсот и без да воспостави врска со руската посада, продолжил да се движи покрај бродот „Сметливи“ на растојание од околу 540 метри.
Во врска со инцидентот во Егејското море, заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов го повика на разговор военото аташе во турската амбасада во Русија на разговор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче