Пушкин, Гогољ и Ахматова симболи на 2015

Press Photo

Press Photo

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ја прогласи 2015 година за Година на литературата во Русија.

Федералната агенција за печат и за масовни комуникации на Руската Федерација (Роспечат) го претстави фирмениот стил на Годината на литературата што ќе се одржи во Русија во 2015 година и го најави започнувањето на официјалниот сајт во јануари. 

„На официјалното лого, кое е во боите на руското знаме, се прикажани профилите на големите руски писатели и поети Александар Сергеевич Пушкин, Николај Васиљевич Гогољ и Ана Андреевна Ахматова“, велат од Роспечат. 

Зошто Достоевски се презива Достоевски: руските писатели и нивните презимиња
Толстој и Достоевски, Чехов и Пастернак, Набоков и Солженицин… „Руска реч на македонски“ открива што значат презимињата на руските класици и на нивните ликови.

Во јануари следната година со работа ќе започне сајтот www.godliteraturi.ru со опис на проектите и со распоред на настаните. 

Годината на литературата се организира согласно указот на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин кој беше потпишан во јуни 2014 година. Според раководителот на Роспечат Михаил Сеславински „планирано е да се организираат големи и интересни настани, меѓу кои се меѓународниот писателски форум 'Литературна Евроазија', проектот 'Литературна карта на Русија', 'Библионоќ-2015', проектите 'Книги во болници' и 'Лето со книга', пилот-проектот 'Светски ден на книгата' и многу други“. Исто така е планирано и одржување литературни настани со учество на руски писатели во странство. 

Со организацискиот комитет на Годината на литературата во Русија раководи претседателот на Државната дума на Руската Федерација Сергеј Наришкин. Во состав на организацискиот комитет влегоа и советникот на претседателот на Русија Владимир Толстој, директорот на Институтот за руска литература (Пушкински дом) Всеволод Багно, претседателот на Руската државна библиотека Виктор Фјодоров и други. 

Според материјалите на ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња