Кремљ ја следи ситуацијата околу можната копнена операција во Сирија

Кремљ засега не располага со потврда дали се реални соопштенијата за плановите на Саудиска Арабија да почне копнена операција во Сирија, меѓутоа ја следи ситуацијата.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги соопштенијата за можна операција на Саудиска Арабија во Сирија, изјави дека Кремљ ја следи ситуацијата, но засега нема ништо конкретно по ова прашање.

„Се разбира, ние на детален начин ја следиме ситуацијата, набљудуваме. Но ништо конкретно не можам да ви кажам. Овде, пред сѐ, се потребни некакви разгледувања итн. Треба, се разбира, да се адресираат до Министерството за одбрана“, рече Песков во петокот.

Притоа портпаролот истакна дека Кремљ засега не располага со факти дали е реална информацијата за плановите на Саудиска Арабија  да почне копнена операција во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња