Индексот на оптимизам кај руските граѓани според резултатите од 2015 година достигна историски максимум, а исто така се зголеми и индексот на очекувања од иднината на нив на земјата – за тоа сведочат резултатите од истражувањата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
„Руските граѓани ја испраќаат 2015 година во истото расположение како и претходната: : индексот што го покажува тоа остана на нивото од 60 бодови (историски максимум), додека можниот минимум е 10, а максимумот 90 бодови. Нивото на оптимизам е високо: спроти 2016 година 41% испитаници се добро расположени. Уште 43% не чувствуваат ниту тага, ниту радост, а само 14% се песимистични и признаваат дека не очекуваат ништо добро од иднината“, се наведува во соопштението на сајтот на ВЦИОМ, пренесува „Взгљад”.
52% граѓани на Русија изминатава година ја нарекоа „добра” или „успешна” (во 2014 година овој процент изнесуваше 59%), додека тешкотиите преовладувале во животите на 47% од испитаниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче