Путин: Русија во првото полугодие продаде оружје за 5,6 милијарди долари

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија во првите шест месеци во 2014 година продаде оружје и воена техника во вредност од 5,6 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија во првите шест месеци во 2014 година продаде оружје и воена техника во вредност од 5,6 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.

„Ќе забележам дека за првите шест месеци од оваа година обемот на испораки на руско оружје во странство изнесува 5,6 милијарди долари – и тоа е многу солидна цифра, а вкупната цена на нарачките порасна на речиси 50 милијарди долари“, изјави шефот на државата за време на заседанието на комисијата за прашања од воено-техничката соработка на Русија со другите држави.

Путин повика поактивно да се следат сите тенденции за развој на воено-морската техника (ВМТ) за да продолжи континуитетот на руската предност на светскиот пазар. Притоа, тој забележа дека тој вид руско вооружување има посебна почит кај странските партнери.

„Околу 400 бродови и подморници од руско производство се наоѓаат во армиите на 27 армии во светот“. Нашите конструктори, инженери, работници докажуваат дека Русија може да изгради и произведува високотехнолошка опрема“, додаде претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња