Имено како што пренесува „РТ“ германското издание „Handelsblatt“ пишува дека во делот на проширување на списокот на ембарго на западните медиуми се нашле и презервативите од странство. Според овој германски медиум телефонот на претставникот на советот на Министерството за здравствена заштита Давид Мелик Гусејнов се вжештил. Загрижените фармацевти постојано му се јавувале за да дознаат за што се работи, затоа што Русите многу често купуваат презервативи. Според изданието, продажбата на презервативи во руските аптеки нагло пораснала, а причината за тоа е можноста од дефицит на оваа стока.
Руската, но и светската медиумска јавност овие тврдења на „Handelsblatt“ го примија со неверување, така што смешната шега на германскиот медиум предизвикува единствено насмевка на лицата на читателите.
Ваквата дезинформација доаѓа по предлогот на владата да се стави ембарго на овој вид производ само во делот на државните набавки. Ваквиот предлог воопшто не е поврзан со приватниот увоз на презервативите од Западот, како и со нивната трговија на мало.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче