Извор: САД барале Атина да го затвори небото за руски авиони со хуманитарна помош за Сирија

Владата на Грција, според информациите на дипломатскиот извор, го одбило барањето на САД да не ја пропушта руската авијација која доставува хуманитарна помош во Сирија.

Грција одбила, без оглед на барањето на амбасадата на САД во таа земја,  да го затвори воздушниот простор над Атина (FIR Athens) за летовите на руските авиони со хуманитарна помош за Сирија, изјави во неделата за РИА „Новости“ дипломатски извор во Атина.  

„Во саботата амбасадата на САД се обрати до техничката влада на Грција со барање да се забрани прелетувањето на руските авиони во FIR Athens. Владата на Грција одби да го направи тоа за да не ги влоши односите со Русија“, рече изворот.  

Според неговите зборови, Москва побарала и добила дозвола од Атина за летови со кои се превезува хуманитарна помош во Сирија за периодот од 1 до 24 септември.

РИА „Новости“ засега нема добиено официјална потврда на оваа информација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња