Рекоа за Робин Вилијамс

По веста за смртта на актерот Робин Вилијамс, се огласија и многу познати личности од Русија. „Руска реч на македонски“ ги проследи нивните коментари и ви ги претставува во интегрален текст.

Веста за самоубиството на Робин Вилијамс го преполни рускиот Интернет – социјалните мрежи се преполни со негови фотографии, цитати и со спомени за омилените филмови. Се чини дека Русите во последниве неколку месеци дискутираат само за санкциите и за воените дејствија во Украина, па со тоа веќе станале имуни на лоши вести. Но, се покажа дела постојат работи кои се поважни од политиката. Тешко е да се даде одговор на прашањето зошто Русите толку бурно изреагираа на смртта на Робин Вилијамс – актер кој практично ништо не го врзуваше со Русија. Најверојатно, единствениот очигледен талент би бил: неговиот бесконечен талент, за кој Атлантскиот океан не претставуваше препрека. „Руска реч на македонски“ ги собра искажувањата на познати руски актери, литерати, политичари и новинари во врска со смртта на актерот.

Михаил Шуфутински, пејач, во колумна во весникот Известија 

Во 1984 година учествував на снимањето на филмот на Пол Мазурски „Москва на Гуѕон“, каде Робин Вилијамс ја игра главната улога. 

Имавме неколку заеднички денови на снимањето и многу контактиравме. Тој е мошне талентиран, восхитувачки, работлив. Отсекогаш сум се чудел како тој може толку добро да работи по 12-16 часа дневно.

Според мене, режисерот не згреши што го повика за главна улога на руски музичар имено Робин Вилијамс. Тој успеа безгрешно да навлезе во улогата. Тогаш тоа беше одлично. Обично Русите се претставуваат како варвари, како монструми, а Робин Вилијамс одигра вистински дисидент, човек, музичар, кој стасал во Америка и останал да живее таму, зашто го сакал она што во Советскиот Сојуз не смеел да го сака – џезот.

Извор: Известија

Антон Долин, филмски критичар, во колумна за популарното списание Афиша

Глупав парадокс: самоубиство и тоа не само на позната личност, туку на комичар или комедиограф, тоа е она што предизвикува особено силен шок. Небаре оние што најдобро умеат да се смеат и да ги засмејуваат останатите, се предодредени на страдање и смрт. Сепак, најдобрите улоги на Робин Вилијамс се драматични. И неговата кариера (дури и ако не навлегуваме во деталите на неговиот личен живот) повеќе наликува на драма, одошто на комедија.

Извор: Афиша

Никита Белих, политичар, губернатор на Кировската област, на својот Твитер

Робин Вилијамс умрел ;(. Добро утро, Виетнам!, Џуманџи, Кралот-рибар и уште многу прекрасни филмови што ги сакам. Голем актер.

Извор: Твитер

Олег Лекманов, Професор на филолошки факултет, Виша економска школа, Фејсбук:

Се самоубил актерот Робин Вилијамс, Ужасно.

Тој има играно во најразлични филмови, меѓу нив е, на пример, „Друштвото на мртвите поети“, кој за мене, и не само за мене, засекогаш ќе остане еден од главните филмски настани во животот.

А, исто така прекрасни се глупира во „Пријатели“. И во генијалниот спот на генијалниот Боб Мекфери „Don't Worry. Be Happy“. Тажно е што оваа радосна девиза од песната не го спречила...

Извор: Фејсбук

Сергеј Бунтман, радио Ехо на Москва, Фејсбук

Господи! Робин Вилијамс се самоубил? Од депресија? А, колку многу луѓе има извадено од депресија! И со филмовите, и едноставно, во животот. Велат дека го разонодувал парализираниот Кристофер Рив, изигрувал некаква медицинска сестра...

Сега тој,

кралот-рибар,

Петар Пан,

двестегодишен човек,

некаде го однесоа мечтите...

Можеби во друштвото на мртвите поети?..

Извор: Фејсбук

Алексеј Екслер, руски писател, сатиричар, на својот блог

Робин Вилијамс беше добар актер. Жал ми е. RIP. А, според мене, негова најдобра улога беше во „Кафез за птици“. Тоа е само мое лично мислење, тој имаш и многу други одлични улоги.

Извор: LiveJournal

Станислав Садаљски, блогер, на својот блог

Тој е од оние холивудски поколение какви што „повеќе не ги прават“.

Вечна му слава((( Good Morning, Vietnam((( !

Извор: LiveJournal

Алексеј Наваљни, политичар, основач на Фондот за борба со корупцијата, на својот Твитер

Тој, секако, беше ужасно кул

Извор: Твитер

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња