Мутко: Русија нема да ја бојкотира Олимпијадата-2016

„Русија претставува сигурен партнер на Меѓународниот олимписки комитет“, изјави министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко.

Русија нема да ги бојкотира Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро во случај на дисквалификација на сите руски атлетичари во врска со скандалот со допинг, изјави министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко, пренесува ТАСС.  

“Немаме намера да ја бојкотираме Олимпијадата. Русија претставува сигурен партнер на Меѓународниот олимписки комитет“, рече Мутко.

Во понеделникот независната комисија на Светската анти-допинг агенција ги објави резултатите од истрагата за работењето на Руската федерација за атлетика, московската анти-допинг лабораторија, Руската анти-допинг агенција и Министерството за спорт на РФ. Комисијата изнесе низа обвинувања против официјални лица и спортисти, повикувајќи на дисквалификација на атлетската  федерација на РФ, што може да ги лиши руските атлетичари од можноста за учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња