Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на денешниот колегиум на Министерството за одбрана им предложи на САД од 25 мај да почнат со заеднички воздушни удари врз бунтовниците кои не се приклучија на прекинот на огнот во Сирија.
До 25 мај САД ќе можат да продолжат со работите за извлекување на групите во Сирија кои го почитуваат примирјето, а се наоѓаат на територијата заземена од терористичката група „Џебхат ан-Нусра“. Русија го задржува правото од 25 мај еднострано да нанесува удари врз групите кои не се приклучија на примирјето, потенцираше Шојгу.
„За понатамошна борба со организациите, прогласено од ООН за терористички, ние им предлагаме на САД, како копретседавач со Меѓународната група за поддршка на Сирија, од 25 мај да пристапат кон заеднички дејствија на ВКС Русија и авијацијата на коалицијата предводена од САД, за планирање и нанесување удари врз одредите на „Џабхат ан-Нусра“, незаконските вооружени формации кои не го поддржуваат режимот на прекин на борбените дејствија, како и врз караваните со оружје и муниција, вооружените одреди кои нелегално ја преминуваат сириско-турската граница и притоа да се исклучат ударите врз цивилните објекти и населените места“, рече Шојгу.
Според зборовите на Шојгу, во четвртокот, 19 мај, Русија и САД почнале со усогласување на новите заеднички дејствија во Сирија во текот на консултациите во Аман.
„Вчера пристапивме кон усогласување на тие мерки со нашите колеги во Аман и Женева“, рече министерот.
Последниве недели најтешка е ситуацијата во вториот по големина сириски град Алепо, каде бунтовниците постојано ги гранатираат населените квартови кои се наоѓаат под контрола на владините сили, вклучително и христијанските. Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија претходно изрази надеж дека во соработка со САД ќе се успее да се дојде до прекин на огнот во Алепо, пишува „Ведомости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче