Ума Турман на руски начин

Извор: Press Photo

Извор: Press Photo

Американската актерка Ума Турман игра во краткометражниот филм на младиот руски режисер Иван Петухов.

Првото место на престижниот конкурс за млади сценаристи и режисери Jameson First Shot, што го организира компанијата Trigger Street Productions со поддршка на актерот Кевин Спејси, оваа година го освои сценариото на рускиот режисер Иван Петухов. Согласно условите на конкурсот тој доби можност да работи со познатата Ума Турман. Таа ја одигра главната улога во неговиот филм „Подарок“(The Gift), чија премиера се одржа вчера во Лос Анџелес. 

Можноста на Jameson First Shot веќе ја искористија двајца руски режисери. Во 2012 година Алексеј Нужни го направи тоа со филмот „Плик“, додека Антон Ланшаков со филмот „Човек-насмевка“ го повтори неговиот успех во 2013 година.

Според сценариото Ума е црнокоса и е облечена во строг костим. Хероината на филмот, мис Андерсон, работи во трговски центар како пакувачка на подароци и случајно се запознава со илузионистот мистер Грим, кој го менува нејзиниот живот. 

Петухов смета дека шансата да поработи на холивудско ниво претставува уникатна можност што тој ја добил, а која е отворена за сите режисери-почетници. „Можам да им посоветувам на сите потенцијални учесници да ги отфрлат сите стравови, да креираат добра приказна и да ја искористат можноста следната година“. 

Петухов е роден во 1984 година. По образование е новинар, а работи како копирајтер во рекламна агенција. Паралелно со основната работа, себеси се пробува и во пишување сценарија.

Според материјалите на: 

The Hollywood Reporter – http://thr.ru/articles/4580 

lenta.ru – http://lenta.ru/news/2014/07/23/uma 

Интерфакс – http://www.interfax.ru/culture/387458 

Hello – http://ru.hellomagazine.com/kino-i-televidenie/kino/4557-the-gift-pervye-kadry-s-umoy-turman.html

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња