Откријте ја татарската национална кујна

Чебуреките се визит-карта на татарското кулинарство во Русија . Извор : Lori / Legion Media

Чебуреките се визит-карта на татарското кулинарство во Русија . Извор : Lori / Legion Media

Кралевите на рускиот фастфуд ќе бидат и ќе останат чебуреките (пирошка од тесто и месо), независно од обидите на странските окупатори - хамбургерите и донерот – да завладеат со овој престол.

Чебуреките се најпознатото јадење од татарски кујна меѓу Русите. Овие пирошки со зајре од најпознатата кревка овча или телешка удина и булјон, испржени во масло, без сомнение се познати на сите жители на Русија од најраните времиња. Всушност тие се традиција не само за Русите: во педесеттите години од минатиот век чебуреките, добивајќи го името „лертсју“, на чуден начин се појавуваат во Финска и оттогаш се сметаат за оригинално јадење на финската кујна .

Чебуреки - пирошки со парчиња овча или телешка удина и булјон, испржени во масло.

Надвор од границите на земјата, сепак, најпознатото татарско јадење е и ќе остане тартар - голема порција сурово сечено месо, прелиено со жолчка и маринада. Влегувајќи во мнозинството кујни на Европа, тартарот, или како погрешно го нарекуваат во татарски кулинарски книги „татарски бифтек“ (како може да е бифтек, ако не е пржен), не го губи својот национален карактер. Под национален карактер во дадениов случај се подразбира квалитет: за да не биде тартарот опасен по здравјето, неговите основни компоненти, кои не се поправаат поради отсуство на термичка обработка, треба да бидат со одличен квалитет и мошне свежи.


Тартар - порција сурово сечено месо, прелиено со жолчка и маринада. 

Во високиот квалитет на производите, меѓу другото, се наоѓа и тајната на многу обични, но вкусни национални кујни, вклучувајќи ја и татарската. Изгледа - со малку зачини, обична технологија на подготовка, а ти иде да си ги излижеш прстите. Тука Татарите со право има со што да се гордеат: добитокот кој тие го одгледуваат во поволшските региони, дава месо со неповторлив вкус. Треба ли да се чудиме дека татарски кујна е претежно месна. Отстапка по префинетост и разновидност во споредба со кујните на другите турски народи, особено со Турците, Азербејџанците, кои ја комбинираат турската кујна со влијанието на големите кулинари како што се Персијците, татарски кујна, сепак, останува еден од лидерите (што се однесува за Русија) во печењето .


Бешбармак - варено месо со сос од лук

Јадењата од тесто се визит-карта на татарската кујна. Покрај наведените чебуреки во татарската кујна постојат стотици сорти на пити, пирошки, бисквити и други пекарски производи. 

Јадењата од тесто се присутни во животот на Татарите од раѓањето до смртта, а многу од јадењата носат ритуален карактер. Дури полнетата гуска, која во Русија многу ја сакаат, Татарите ја подготвуваат по свој терк – ја печат во тесто. Конкуренција на чебуреките, како кулинарски ремек-дела е чак-чак: тоа е пржен десерт од пченично брашно во мед, кој може да се најде во повеќето руски продавници. И во листата на производите за извоз чак-чак е „ѕвезда“.


Чак-чак - пржен десерт од пченично брашно во мед. 

РЕЦЕПТ 

Губадија - татарска празнична пита 

Губадија отсекогаш била главно татарски тест јадење - тоа е сложена пита (со месо, секако), кое се служи во особено свечени случаи. Да се обидеме да го направиме. 

Направете тесто за голема пита, по ваш избор, може да биде со или без квасец. 

Во еден литар млеко ставете 200 грама кисело млеко и почекајте 2-3 часа за да стаса. Потоа варете на тивок  оган додека смесата не почне да се зацрвенува, па додајте 2 супени лажици шеќер. Прецедете низ газа. Смесата што ќе ја добиете треба да биде со црвена боја. 

Измијте го и сварете го оризот. Нека биде сварен ал денте. Исечкајте неколку тврдо варени јајца. Меленото телешко или јагнешко месо запржете го со кромид и со мелен црн пипер. Во врела вода покиснете суво грозје, суви модри сливи и суви кајсии. 

Во длабока тава, подмачкана со масло, ставете половина од тестото кое е растегнато со дебелина од половина сантиметар. Потоа ставете го зајрето во делови – најпрво оризот, потоа прецеденото млеко, па јајцата, па повторно ориз. Последниот дел нека биде покиснатото суво овошје и малку ориз. Одозгора ставете неколку парченца путер. 

Одозгора затворете со преостанатото тесто, а додека го затворате, обидете се да направите дипли за да изгледа поубаво. На крајот премачкајте со изматена жолчка. 

Печете во рерна на температура од 200 степени, додека губадијата не се зарумени и додека од отворите не почне да излегува пареа.

Фотографии: Lori/ Legion Media. 


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња