Извор: РИА Новости
Рускиот телевизиски канал „Муз-ТВ“ уште пред почетокот на годинашново издание на Евровизија планираше да го покани победникот од овој натпревар на своето годишно доделување на наградите, но победата на Австрија тој се откажа од ваквата намера. Но, Кончита сепак можеби ќе допатува во Москва, и тоа можеби кон крајот на мај. Иницијатори на поканата се промотерите кои го организираат московското евровизиско афтерпарти. Кончита се согласува да замине за Москва, но местото каде што таа најверојатно ќе се појави е строга тајна.
Кончита Вурст со песната „Rise like a Phoenix“ и ја донесе првата победа на Австрија на Изборот за песна на Евровизија по онаа од 1966 година. Песната на Кончита освои вкупно 290 поени.
„Пред неколку дена лично разговарав со Кончита, таа многу сака да ни дојде во гости, таа смета дека Русија е мошне романтична земја и знае дека таа тука има многу обожаватели, не за џабе ѝ дадовме трето место (во националното гласање)“, изјавува промотерот на руските евровизиски забави Дмитриј Мељников. „Кончита е победник како и сите останати ѕвезди кои победиле на Евровизија, и кои по својата победа ја посетуваат Москва. Но, поради посебниот однос кон Вурст во Русија постојат низа услови од нејзина страна. Најважна е целосната безбедност и приватност“.
Посетата на Кончита на Москва зависи од тоа дали таа ќе успее да најде место за забавата во својот набиен распоред. Распоредот на настапите на победничката на Евровизија е одамна пополнет. На 28 и на 29 мај, на пример, таа има две големи шоу во Виена. Според тоа, Вурст, можеби, нема да има доволно слободно време за да допатува во Русија.
Нувирт е роден во Гмунден, Австрија, а во светот на шоу-бизнисот влегол на 8-годишна возраст, кога зел учество на едно австриско талент шоу.
Во исто време пратеникот на Законодавното собрание на Санкт Петербург Виталиј Милонов се обрати до Министерството за култура на Руската Федерација со барање „... да му се забрани на пејачот Томас Нувирт, кој настапува под псевдонимот Кончита Вурст, да одржува концерти на територијата на Русија“. Но, од службата за односи со јавноста на министерството тој добил одговор, во кој се вели: „... во компетенциите на Министерството за култура не влегува забрана за посета на Русија на жени и на мажи со брада.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче