Според маркетиншките истражувања, мнозинството руски мажи ѝ даваат предност на спортската и на лежерната облека. Извор: ИТАР-ТАСС
Мнозинството руски мажи претпочитаат спортска и лежерна облека. Според маркетиншките истражувања токму овие две категории чинат половина од сите купени предмети од машката гардероба во минатата година. И навистина е така. Во канцелариите сè почесто се среќаваат во панталони со шев, кошули без кравати и џемпери наместо палта. Истовремено сè поголем број мажи сака во канцеларијата да има „дежурен“ костим кој ги заменува нивните фармерки и пуловери со кои дошле на работа.
Постои посебна категорија мажи која се придржува до спортскиот стил. Тоа се главно млади луѓе до 35 години, во трикотажни спортски панталони и со монтки, ги има насекаде – на предавања на факултет, на рандеву, на дружење со пријателите, во продавниците.
Денес на улиците на поголемите градови ретко ќе сретнеш маж од „деведесеттите“, кога беа модерни Адидас тренерки, турските фармерки, кожниот качкет и бундите, заедно со модерни кожни чевли и браскети (мали кожни торбички за чување и за носење на лични документи и пари).
Руски маж облечен во олд-скул стил. Извор: Руслан Кривобок / РИА Новости
Сè помалку руски мажи облекува сандали на чорапи (постоеше и таква национална мода) и сè помалку купуваат елеци со огромен број дополнителни надворешни и внатрешни џебови.
Сепак, за поголем број руски мажи и понатаму е тешко да се каже дека имаат стил. Така историски се случило дека на вистинскиот руски маж не му личи да внимава на својот надворешен изглед. Секако, Пушкин пишувал дека може да се биде „сериозен човек и воедно да се мисли на убавината на ноктите“, но малкумина до денес се сложуваат со него. Но, да биде праведни и да кажеме дека намерната несреденост не треба се меша со неуредноста. Стариот пуловер кој толку многу си го сакаш, мора да биде испран, старите панталони што ти се толку многу удобни, мора да бидат добро испеглани, а чевлите што минале низ сито и решето, мораат да бидат чисти како нови. И не дај Боже кожниот раб на чевлите да остане извалкан!
Но, постои одделна, малечка категорија дечки кои сè побргу растат.
Москва. СССР. Момчиња се подготвуваат да танцуваат рокенрол на Стар
Арбат. Извор: ИТАР-ТАСС
Машката мода се појавила уште за времето на Советскиот Сојуз од педесеттите години од минатиот век, кога некои „политички незрели“, како што тогаш се велело, носеле во својот живот елементи од западниот, главно американски стил. Меѓу народот овие ентузијасти на вестернизацијата се нарекувале „стиљаги“. Носеле блескави кошули во различни бои, чевли на „гриз“ (тоа навистина бил гриз кој го ставале на чевлите кај чевлар), кратки тесни панталони со шарени чорапи. Печатот константно ги исмејувал и ги критикувал поради паразитизам. Многумина од нив навистина изгледале како карикатура, но за тоа повеќе било виновно бунтовништвото, одошто недостигот на вкусот.
Момче ужива во бадминтон во парк во Москва. Извор: ИТАР-ТАСС
Денес стиљагите во својот недопрен облик, веќе ѝ припаѓаат на историјата, но и понатаму постојат млади луѓе, кои сакаат и знаат да се облечат необично, кои слушаат џез и кои тежат кон креативни занимања. Тоа денес се руските хипстери. Ја почитуваат минималистичката облека, носат модерна скапа лежерна облека и сакаат модни додатоци, како што се големи шалови, смешни очила во рамка од рог, пеперутка-машни во незамислива комбинација бои.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче